Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 18

Оваа алатка е продукт од соработката помеѓу сексуалните работници, пружателите на услуги, истражувачи, претставници од владата, NGO од сите страни на светот, како и агенции од Обединетите нации и развојните партнери од САД. Оваа алатка е во согласност со Препораките од 2012 година. Исто така се однесува и на глобалните консултации спроведени со сексуалните работници од страна на NSWP како дел од процесот на развивање на документот Препораки 2012. Овој консултациски договор во оваа алатка е наведен како“ преглед на вредности и параметри“. 2

Дефиниција за сексуални работници

Сексуалните работници се машки, женски и трансродни возрасни и млади лица( над 18 години) кои примаат пари или добра, во замена за сексуални услуги, редовно или повремено. 3 Сексуалната работа може да се разликува до степен дали е“ формална’’ или организирана. Важно е да се напомене дека сексуалната работа е исклучиво доброволен сексуален однос помеѓу двајца возрасни, кој може да биде во повеќе форми во зависност од државата или заедницата. Оваа публикација не се однесува на сексуална изложеност на децата( помлади од 18 години).
Како се користи оваа алатка?
Оваа алатка е наменета за употреба од страна на јавно-здравствените работници и менаџери на ХИВ, СИДА и СПИ програми; Невладини организации, вклучувајќи заедници и граѓанското општествени организации и здравствените работници. Исто така може да биде од интерес за меѓународните агенции за финансирање, здравствените работници и пропаганди.
Авторите признаваат дека оваа алатка нe може да биде прочитана од корица до корица, односно од почеток до крај. Сепак, читачот треба да ги разгледа сите шест поглавја подеднакво, наместо да се фокусира само на едно кое го интересира најмногу во тој момент, со цел да разбере како секое придонесува кон формирање на една сеопфатна програма за сексуални работници. Секое поглавје експлицитно или имплицитно се однесува на едно или повеќе од Препораки 2012. Првите три поглавја го објаснуваат пристапот и принципите на создавање на програмите водени од заедницата на сексуалните работници.
Овие пристапи водени од заедницата, самите по себе се од големо интервенциско значење. Поглавјата 4 и 5 опишуваат како да се спроведат препорачаните интервенции за грижа за здравјето за превенција на ХИВ, третман и грижа. Во поглавјето 6 се опишува да се управува со програмите и
1Превенција и третман на ХИВ и други сексуално преносливи инфекции за сексуалните работници во земјите со ниски и средни приходи; препораки за јавен здравствен пристап. Женева, UNFPA, UNAIDS, NSWP, 2012. 2 Перспективи на машки, женски и трансродови сексуални работници за ХИВ и СПИ третман. Единбург, Обединетите нации, Глобална мрежа на проекти за сексуалните работници, 2011 3 UNAIDS упатство за ХИВ и сексуална работа. Женева, UNAIDS за HIWAIDS, 2012
XV