Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 17
ВОВЕД
Сексуалните работници се едни од најпогодените од ХИВ вирусот уште од
почетокот на епидемијата пред 30 години. И во специфичната и во
генерализираната епидемија, заразеноста со ХИВ е многу поголема кај
сексуалните работници, генерално. Има бројни причини зошто е тоа така,
вклучувајќи го работното место на кое сексуалните работници ја вршат работата,
небезбедни работни услови, недоволно познавање за употреба на кондомите и
нееднаков пристап кон здравствените услуги. Сексуалните работници обично
немаат никаква или имаат мала контрола над овие фактори поради тоа што тие
се социјално маргинализирана група и оваа работа се уште се води како
криминал. Употребата на насилството, акохолот и дрогата во некои случаи исто
така ја зголемува ранливоста и ризикот на работниците.
Во последните три децении многу промени се имаат случено во врска со ХИВ
одговорот, посебно во областите на превенција, тестирање и третман. Она што
недостасува е соодветен и сеопфатен третман на маргинизираните и ранливите
популации, вклучувајќи ги сексуалните работници. Овој случај се сретнува во
безбројни индивидуални приказни, во законот за дискриминација, во
регулативите и политиките, вклучувајќи ги и оние кои им забрануваат на лицата
што не се граѓани на една држава, мигрантите и теренските сексуални работници
да примаат лекови кои се витални за нивниот живот.
Сите сексуални работници имаат основно човечко право за примање на
потребна здравствена помош по највисоките светски стандарди. Здравствените
установи имаат обврска да им обезбедат здравствени услуги на сексуалните
работници, без разлика на нивниот или правниот статус на нивната работа.
Здравствените работници, програмски менаџери и национални лидери треба да
се погрижат сите сексуални работници да имаат полн, адекватен и еднаков
пристап кон сите методи за превенција на ХИВ, тестирање и третман за ХИВ,
водејќи се кон здравствените принципи кои што му следуваат на човекот како
негово човечко право.
Целта на оваа алатка
Во 2012 година, СЗО, UNFPA, UNAIDS и NSWP развија документ за упатство за
Превенција и третман на ХИВ и други сексуално преносливи инфекции за
сексуалните работници во земјите со ниски и средни примања.1 Овој
документ, наведен во оваа публикација како ‘’Препораки 2012’’, поставува
технички препораки за ефективни интервенции за превенција и третман на ХИВ
и други СПИ помеѓу сексуалните работници. Сите препораки се сумирани
следејќи го овој вовед.
Со проширувањето на дистрибуцијата на “Препораки 2012’’, многу партии
изразија потреба да научат како да ги употребат. Оваа публикација одговара на
тие потреби нудејќи им практични совети за спроведување на ХИВ и СПИ
програми за сексуалните работници. Содржи многу практични примери од
различни делови на светот кои што можат да помогнат во планирање на
програмите и услугите и ги објаснуваат потешкотиите кои што треба да се имаат
во предвид и како тие да се надминат.
XIV