Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 15

да се релаксирање, запознавање со другите членови од заедницата, и да оддржуваат социјални настани, состаноци или тренинзи. Види Глава 3, секција 3.3 за повеќе информации. Сексуални работници: “Женски, машки и трансродни возрасни и млади лица (над 18 години) кои примаат пари или предмети, во замена за сексуални услуги, редовно или повремено. Сексуалната работа може да се разликува до степен дали е “формална’’ или организирана. Важно е да се напомене дека сексуалната работа е исклучиво доброволен сексуален однос помеѓу двајца возрасни, кој може да биде во повеќе форми во зависност од државата или заедницата. Оваа публикација не се однесува на сексуална изложеност на децата (помлади од 18 години). Преглед на вредности и параметри: Беше спроведена глобална консултација со сексуалните работници од страна на NSWP како дел од процесот на развивање на препораките од 2012 година. Овој консултациски документ, Перспективи на женски, машки и трансродни секс работници за превенција и третман на ХИВ/СПИ, се однесува на еден дел во оваа алатка наречен “преглед на вредности и параметри’’ xii