подобрат навиките за нивно правилно и постојано користење. Програмите се должни да создадат погодна средина за овој тип на програма која се обраќа на социјални и легални препреки за подобрување на пристапот и користењето на кондом, како закони и методи кои се причина за страв кај сексуалните работници при што избегнуваат да носат кондоми, живеат бедно и работат во лоши услови. Ова исто така резултира во недостиг од поддршка за користење на кондом општо за сите но и за машката клиентела на сексуалните работници.
4.2 Чекори за ефективна програма за кондоми
Стратегиско партнерство помеѓу сите главни партнер-организации се најопходни за да се подобри пристапот и употребата на кондоми со цел да се намали непланирана бременост, ХИВ и СПИ. Соработка и партнерство се склучува помеѓу само-водечки организации од сексуални работници, невладини организации, Министерство за здравство или неговиот Оддел за превенција од ХИВ, Клиниката за репродуктивно здравје, Агенции од САД, Приватниот сектор, Опшествени маркетинг агенции, Донор клиники и Министерството за правда.
Во главната управувачка улога се државниот Оддел за превенција од ХИВ, владата и граѓаните во опшеството и истите имаат голем удел во набавката и одржувањето на кондомите и лубрикантите, како и во промоцијата на истите на државно ниво и овозможување на погодна средина за програмата.
Организации23 кои се локално вклучени( како и организации за опшествена промоција) заедно со здравствените институции играат значајна улога во корисното предвремено планирање, дистрибуција, правење стратегии за промоција на програмата од страна на заедницата и во поддршката за обезбедување на погодна средина за програмата на локално ниво. Овие улоги се прикажани во табела бр. 4 како и во сектор 4.3, фигура 4.1 каде што има дополнителни информации за различните нивоа на планирање и реализирање на партнерската соработка на програмата за кондом.
23
Имплементирани организации се оние организации кои се залагаат за укажување на превенција кон сексуалните работници. Можат да бидат владини, невладини, општински, граѓански и да работат на државно, регионално или локално ниво. Понекогаш невладините организации овозможува услуги преку под-организации кои се надвор од урбаната зона и затоа овие под-организации исто така се сметаат за имплементирани организации.
102