Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 125
4.1 Вовед
Препорака од 2012 година:19 Препораки базирани на докази 2
Промовирање на одговарачки и издржлив кондом помеѓу секс работниците и
нивните клиенти.
Успешната набавка, дистрибуција и промоција на машки и женски кондоми и
лубриканти се клучни за успешно спроведена ХИВ заштита на сексуалните
работници. Уште во средината на 80-тите кондомите биле препорачани како
метод за заштита од ХИВ и останаа како најкористено средство од страна на
сексуалните работници при заштита од пренос на ХИВ. Поради таа причина,
кондом програмата зафаќа централно место во секој пакет за ХИВ и СПИ
заштита, нега и третман услуги за сексуалните работници. Програмата за
кондом20 досега се покажа како успешна во зголемувањето на употребата на
кондоми во различни сексуални работни средини.
Програмата за кондом вклучува:
• создавање на лесно-употреблив машки и женски кондом
o предвремено и одржано планирање
o одржување и менаџирање на добрата
o дистрибуција
• повеќеслојна промоција на машките и женските кондоми и лубриканти
• создавање на погодна средина за кондом програмата.
Кондом програмата за сексуалнит