Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Página 25
човек, што е на еден начин и професионална деформација како и од секоја
друга работа. Во однос на физичкото здравје стресот си има последици, да
не зборуваме исто така за изложеноста на ризикот од инфекции“.
Маж сексуален работник
Љ: „Па да понекогаш да. Многу, премногу, ете телефонските јавувања те
напнува, мада таква е работата, но не делува многу на психичкото здравје“.
И: „На физичкото?“ Љ: „Не“. Жена сексуална работничка
М: „Психичко секако да, физичко понекогаш. На пример, ќе дојде клиент, се е
ОК, ќе плати, меѓутоа те малтретира психички, не вака не така, неговото
понашање. Во однос на физичкото, до сега имало случаеви, ама не до толку,
повеќе е психичко“. Трансродов сексуален работник
Во однос на користењето на заштита при работа со клиенти, сите испитаници
изјавија дека користат единствено кондоми кога даваат сексуални услуги.
Тоа укажува на фактот дека се свесни за ризикот од пренос на СПИ и ХИВ
доколку не користат заштита.
Во однос на давање сексуални услуги без заштита, дури 70 % од испитаниците
изјавија дека им била понудена повисока с ума пари доколку дадат сексуална
услуга без заштита. Дел од испитаниците не сакаа јавно да образложат за
случаи на присилно давање на сексуални услуги.
А: „Ми се случило тоа, тоа ми беше случај, практично насилно ме принуди
клиентот да имаме секс, но тоа е за жал кај нас, не може човек да земе
ниту ПРЕП ниту ништо на пример за да си се заштити од ХИВ, него се тоа
останува само на кондом. Друго е на пример како на Запад, да можеш да си
земеш апче и тоа да те заштити“. Маж сексуален работник
Л: „Да, но не сакам да објасувам сега за тоа“. Трансродов сексуален работник
Ј: „Не, но со нудење на поголема сума на пари да, но никогаш не сум прифатила“.
Жена сексуална работничка
Испитаниците изјавија дека редовно користат здравствени сервиси. Најчесто
користат гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, услуги од психолог,
како и тестирања за ХИВ, ТБЦ, Хепатитис Ц, Хепатитис Б, Сифилис и останати
СПИ. Најголем дел од испитаниците изјавија дека сите здравствени сервиси
кои ги користат се сервиси овозможени преку невладини организации, а
само еден испитаник изјави дека користел здравствен сервис овозможен
преку јавното здравство и во овој случај беше истаканата Клиниката за
инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
22