Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 24

5.4. Лично здравје
Перцепцијата за личното здравје е различна кај мажите, трансродните сексуални работници и жените сексуални работници, а истата се заснова на начинот на живеење и работење. Здравјето кај сексуалните работници вклучени во ова истражување беше истражено преку серија прашања како што се: „ Како ја оценуваш твојата здравствена состојба?“ и „ Дали сметаш дека твојот професионален ангажман има влијание на твојата здравствена состојба?” Во одговорите на овие прашања, мажите и трансродните сексуални работници го истакнаа негативното влијание на работата врз нивното психичко здравје, додека пак жените сексуални работнички ја оценија својата психичка и физичка здравствена состојба како добра со изјави како: „ Добро сум” или „ ОК”.
К: „ Психички нервозна сум од луѓе што се јавуваат. Некои се јавуваат те заебаваат, некој ќе се јави нема да дојде“. И: „ А за физичкото здравје?“ К: „ Добро сум“. Трансродов сексуален работник
Л: „ Психичкото здравје, можам да кажам дека не се осеќам баш како што треба, физичкото здравје ми е ок. Понекогаш знам да бидам избувлива, тоа се заснова сепак на клиентите, бидејќи работам на телефон, понекогаш знаат псхички да ме изморуваат“. Трансродов сексуален работник
А: „ Психички како и секој човек во државава се знае како може да се чувствува, а во однос на физичкот здравје добро“. Маж сексуален работник
Инволвираноста во сексуалната работа има големо влијание врз психофизичката здравствена состојба на сексуалните работници. Стресот и притисокот се присутни кај сексуалните работници поради тешките услови во кои живеат и работат. Големо влијание врз нивната психичката состојба имаат и разните ситуации со клиентите кои знаат да бидат насилни и кои психички ги малтретираат сексуалните работници.
А: „ Има да. И тоа големо влијание има. Првенствено тука ќе кажам, во однос на психичката состојба, прво притисокот што го имаш нели од страна на државата, затоа што кај нас на пример тоа не е дозволено, се плаќа одредена казна, значи додека работиш ти си под постојан стрес дека може во секој момент да ти дојде полиција. Потоа, притисокот што го имаш од страна на клиентите и тоа исто така влијание на психичкото здравје, разните ситуации кога имало случаи на насилство што ми се случиле и тоа ми остава трауми, не само кај мене претпоставувам и кај другите кои што се занимаваат со сексуална работа. Во однос на физичкото здравје и во однос на психичкото здравје; имаш плус заборавив што е многу важно со тек на времето желбата за сексот веќе почнува, едноставно се трошиш како
21