S-Work S-Work | Page 16

на денот и секако ќе бидам етикетирана како секуален работник. Ј: Не. Затоа што не сакам да плаќам данок за сексуалната работа. Повеќе би сакала декриминализација, депенализација и пак како што напоменав анти-дискриминација. Како ви поминува еден обичен ден? С: Како секој обичен човек, секој ден работам и се дружам со моите пријатели. Пиењето на утринското кафе ми е ритуал пред да одам на работа како конфекциски техничар. Почнувам со работа од 08 часот до 15 часот. Потоа одам во мојот апартман и почнувам со сексуалната работа. Зависи од денот и кога сум послободна се дружам со пријателите на кафе. Ј: Еден обичен ден ми поминува работно заедно со моите колешки во салонот за убавина во кој работам, а во слободнотото време се фокусирам на сексуалната работа. Со клиентите се сретнувам во мојот стан. Ја сакам мојата втора професија и максимално вложувам во себе за да изгледам попровокативно пред клиентите. Сепак, сексуалната работа е работа. Во издание на Поддржано од