S-Work S-Work | Page 15

ГЛАВНИТЕ ЛИКОВИ КОЈ ГО ПРЕДВОДЕА МАРШОТ НА ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ

На 17-ти декември по седми пат се одржа Маршот на црвените чадори во Скопје на кој учествуваа околу 100 сексуални работници, нивни поддржувачи и активисти на човекови права. Овогодинешниот марш го предводеа две атрактивни девојки со црни маски на лицето носејки транспарент „ Сексуалната работа е работа”. Девојките предизвикаа голем интерес од страна на медиумите, како и од сите учесници на маршот. Девојките кои сакаа да останат анонимни се согласија да дадат интервју за S-work онлајн магазинот и да ни откријат неколку детали од нивните животи.
Можеш ли да ни се претставиш? С: Јас сум девојка од Скопје, имам 25 години и сум сексуална работничка. Работам како масерка, нудам еротски масажи и стриптиз, но покрај оваа работа работам и како конфекциски техничар во една позната конфекција. Покрај сексуалната работа како моја професија, се борам за човековите права пред се за правата на секоја жена, но да не ги заборавам и правата на животните за кои беспрекорно се залагам.
Ј: Јас сум сексуална работничка од Скопје, имам 26 години. По професија сум козметичарка. Преку ден работам како козметичарка во еден елитен салон за убавина. По завршување на работата како козметичарка, работам како сексуална работничка.
Како вие се вклучивте во сексуалната работа и колку време ја работите истата?
С: Се вклучив во оваа работа, преку оглас за работа на кој беше нагласено дека бараат девојки за масажа, т. е масерки. За мене тоа звучеше примамливо бидејки тој период ми беа потребни брзи пари. Со текот на времето самите клиенти бараа и нешто повеке од еротска масажа. Работев 7 години исклучиво како масерка на еротски масажи, истовремено во тој период бев и стриптизета, а сега веќе 5 години нудам масажи со сексуални услуги.
Ј: Пред 1 година еден тип, т. е клиент на негово инсистирање ми понуди пари за да биде со мене. Секако прифатив бидејки беше нешто ново за мене. Од тој ден сфатив дека можам да нудам сексуални услуги за пари.
Како дојде до идејата да се приклучите на Маршот на црвените чадори?
С: На покана на Здружението „ Стар – Стар” во кое и јас сум член. Кога ми ја спомнаа нивната идеја без размислување прифатив бидејќи ми звучеше предизвикувачко за мене.
Ј: Јас како член на здружението на граѓани „ Стар – Стар” ме поканија да земам учество на Маршот на црвените чадори. Откако ми ја спомнаа идејата дека бараат девојки да го предводат Маршот веднаш прифатив без размислување.
Што најмногу ве засега вас како сексуални работници?
С: Засегната сум, т. е ме загрижува што во Р. М. јас како сексуална работничка немам заштита од државните институции, кои скоро никогаш не излегуваат во пресрет на сексуалните работници, т. е сите маргинализирани групи.
Ј: Како сексуална работничка најмногу ме засега тоа што оваа работа не е депенализирана и декриминализирана, а не е ниту легализирана. Ме засега што немаме правна држава.
Што сакате да се подобри во работата? С: Да се подобрат условите во кои што работиме и живееме. Државата и народот да не не дискриминираа, да гледаат на секуалната работа како професија, а не како проституција. Ние не си го продаваме своето тело, ние продаваме услуги. Сексуалните работници што побројно да излезат и да ги бараат својте права како на пример на Маршот на црвените чадори, бидејки „ Заедно сме посилни од сè“!!!
Ј: Дефинитивно сакам имплементирање на правата на сексуалните работници, а тоа секако би не довело до побезбедна работа без да се плашиме дека некој ќе не нападне, силува или пак осудува, без оглед дали тоа доаѓа од страна на клиентите или општеството. Исто така, јас лично би била многу задоволна доколку се донесе законот за дискриминација.
Дали сте за легализација на проституцијата и зашто?
С: Не сум за легализација на сексуалната работа, бидејки на тој начин ќе бидам контолирана во однос на тоа колку заработувам и колку клиенти имам во текот
15