S-Work No.84 84 | Page 9

индустрија не би се применила истата логика, сигурно не би забраниле бродоградба бидејќи е опасно и експлоатативно за работниците да ги поддржувате барањата на работниците за подобра плата и услови за работа.“ Со години наназад, мажите во моето семејство биле бродоградувачи. Работата им била сурова, но платата доволна за да имаат одредено самопочитување. Денес, работите се поинакви, повеќето се соочуваат со понижување поради малите плати и зголемените часови за работа. Јас сум член на англискиот Колектив на сексуални работници чија кампања #makeallwomensafe бара спроведување на препораките на Комитетот за внатрешни работи - сексуалните работници кои работат на улица и во затворени простории да бидат декриминализирани и да бидат избришани од криминалната евиденција. Не се срамам од тоа што работам за егзистенција. Ние сме работници исто како и сите други кои бараат повеќе пари и помалку работа за да имаме повеќе време да посветиме на самите себеси. Ние сме тие првите кои се организираат во борбата против експлоатацијата во сексуалната индустрија и за декриминализација. 9