Таа одговара на повиците од телефонот, го добива бројот на клиентот. Звони за да се осигура дека е реален.
Ја отвора вратата. Таа е секогаш надвор од спалната соба. Ние сме тие кои се справуваат со тешките
клиенти.
Доколку се случи да ме нападнат, нема да одам во полиција затоа што се плашам дека ќе ме уапсат и не би
можела да ризикувам моето семејство да открие што правам.
Законите за сексуалната работа се неправедни. Отидов на суд, претставувајќи се како „студент што
истражува“, со цел да ги поддржам жените уапсени во масовните рации на 18 бордели во централниот дел на
лондонската област Сохо во 2013 година.
Повеќе од 250 полицајци, заедно со своите кучиња насилно влегоа во становите со наводна цел за борба
против трговијата со луѓе. Но, како што подоцна беше откриено, ниту еден од десетиците сексуални
работници кои беа засегнати не беа осомничени, ниту беше потврдено дека се жртви на трговија со луѓе.
За време на судењето, слушав како жените му објаснуваа на судијата дека сите работат самостојно и дознале
за оваа работа од пријатели. Потоа, дека можат да одбираат кога и колку часа ќе работат и дека имаат моќ да
ги одбиваат клиентите.
Но, полицијата тврдеше дека нивната работа не е меѓу стандардните практики за вработување - каде што се
бара да се работат одредени денови во неделата, и дека се „контролирани“.
Устата ми остана отворена, кога судијата застана на страна на полицијата и затвори 16 од 18-те станови.
Овие рации, како и многу други, беа направени во име на заштита на жртвите од трговија со луѓе. Но, не се
пронајдени жртви. Подоцна слушнав приказни за тоа како некои жени се однесени во таканаречено „место
на безбедност“.
Кога на крајот биле сослушани и инсистирале на тоа дека не биле тргувани, тие биле пуштени и оставени на
себе да се снаоѓаат како ќе си одат дома сред ноќ. Ваквите рации воопшто не им помагаат на сексуалните
работни, баш напротив им наштетуваат. Особено на сексуалните работници кои се мигранти, кои најчесто се
бркани од страна на сопствениците на становите, стравувајќи од полицијата.
„Толку многу жени што ги познавам се борат за егзистенција ... Не е ни чудо што има толку мајки кои се
вклучуваат во сексуалната работа.“
Работев во еден бар пред да ја добијам оваа работа. Работата во пабот беше 7 фунти на час, смената траеше
како вечност, а се враќав со помалку од 50 фунти дома. На првиот ден како сексуален работник, се вратив со
двојно повеќе за истите часови. Со таа поголема плата дојде и независноста, олеснувањето, правото на
избор и помалку грижи. Дали се чувствувам повеќе искористено овде или додека работев во пабот? Не
можам да кажам - се чувствувам искористено и на двете места.
Познавам многу жени кои се борат да преживеат, кои се заглавени со кредити. Не е ни чудно што мајките
започнуваат да работат сексуална работа. Се чини дека Владата е загрижена за жените што нудат сексуални
услуги за да преживеат, да ги нахранат своите деца, но не и кога истите тие деца се гладни.
„Некои луѓе велат дека сексуалната работа е толку лоша што мора да се укине. Во ниту една друга
8