безбедно за да пријават кривични дела — вклучително и насилни кривични дела и друга злоупотреба
бидејќи се плашат од кривично гонење, полициско следење, стигматизација и дискриминација. Со
декриминализација се отстрануваат таквите пречки.
5. Декриминализацијата ги поништува последиците од кривичното досие.
Во многу земји, строгата и еднострана примена на кривичниот закон придонесува голем број сексуални
работници да имаат кривично досие. Кривичното досие е често извор на стигматизација и може драстично
да ја ограничи иднината на едно лице. Покрај тоа, кривична пресуда за дела поврзани со сексуална работа се
користи и како основа за произволно повторено апсење и за одземање на родителско старателство. Земјите
кои ја декриминализираат сексуалната работа треба да разгледаат ретроактивно поништување на кривични
досиеа поврзани со сексуална работа.
6. Декриминализацијата го подобрува пристапот до здравствени услуги.
Декриминализацијата им овозможува на сексуалните работници да работат во колективи во кои може да
организираат соодветни, пристапни и пристојни здравствени услуги за себе. Тоа овозможува една моќна
алтернатива на стигматизацијата и дискриминацијата со кои се соочуваат сексуалните работници во нивната
интеракција со многу даватели на здравствени услуги.
7. Декриминализацијата го намалува ризикот од ХИВ и
сексуално преносливи инфекции.
Декриминализацијата на сексуалната работа може да
спечи до 46 проценти од новите ХИВ инфекции кај
жените сексуални работнички во текот на следната
деценија. Последната студија објавена од The Lancet
заклучува дека декриминализацијата на сексуалната
работа имала најголем потенцијал за намалување на
ХИВ инфекции во заедниците на жени сексуални
работнички, дури и многу повеќе од зголемениот
пристап до антивирусна терапија. Кога е
декриминализирана сексуалната работа, сексуалните
работници се поттикнати да инсистираат кај клиентите
на употреба на кондом и имаат повеќе можност за
пристап до тестирање и лекување за ХИВ и сексуално
преносливи инфекции.
8. Декриминализацијата ги унапредува безбедните работни услови.
Декриминализацијата овозможува да се изработи регулатива за безбедност и здравје на работното место
која е релевантна за сексуалната индустрија. Декриминализацијата исто така ги унапредува безбедните
работни услови за сексуалните работници со тоа што им се овозможува да се организираат. Сексуалните
работници колективно можат да ги адресираат ризик факторите на работното место и да инсистираат на
подобрени услови.
*Оваа статија е извадок од документот „10 причини за декриминализација на сексуалната
работа“, ревидиран во март, 2015 година, во публикација на Фондациите отворено општество.
9