S-Work No.82 82 (1) | Page 8

8  причини  за  декриминализација  на сексуалната  работа Декриминализацијата на сексуалната работа е најдобрата политика за унапредување на здравствените и човековите права на сексуалните работници, нивните семејства и заедниците. Отфрлањето на кривичното гонење на сексуална работа оди рака под рака со признавањето на сексуалната работа како работа и заштитата на правата на сексуалните работници преку стандарди за здравје и безбедност на работното место. Декриминализација значи поголема веројатност за сексуалните работници да живеат без стигматизација, социјална исклученост и страв од насилство. Следат 8-те причини зошто треба да се декриминализира сексуалната работа: 1. Декриминализацијата е почитување на човековите права и достоинство. Без оглед на причините, сексуалната работа е работа, а со сексуалните работници треба да се постапува со достоинство. Сексуалните работници во многу делови на светот се организираат да се борат за човековите права кои не може целосно да се остварат сѐ додека кривичните закони претставуваат закана за пристапот на сексуалните работници до правда, здравствени и социјални услуги. Дополнително, со ваквите законски мерки се поткопува нивното право на заштита на работните односи и на работното место, а тие се изложуваат на насилство, дискриминација и произволно апсење. 2. Декриминализацијата помага за заштита од насилство и злоупотреба. Сексуалната работа сама по себе не е насилна, а криминализацијата е тоа што ги става сексуалните работници во најголем ризик. Потребата да се избегне апсење — на сексуалните работници и нивните клиенти — значи дека сексуалните работници кои работат на улица мора често да се префрлаат на поизолирани места кои се помалку видливи за органите на прогонот и каде насилството е поизразено. Стравот од апсење и полициска злоупотреба ги ограничува времето и методите кои може да ги користат сексуалните работници за да направат преглед на безбедноста на клиентите без да бидат откриени од полицијата. 3. Декриминализацијата противречи на полициската злоупотреба и насилство. Кога сексуалната работа е криминализирана, полицијата има моќ врз сексуалните работници. Полицијата им се заканува на сексуалните работници со апсење, јавно понижување и уценување. Во Централна и Источна Европа и Централна Азија, висок процент на сексуални работници пријавиле дека страдаат како последица на сексуални напади од страна на полицијата. Декриминализацијата ги охрабрува сексуалните работници да истапат и да поднесат приговори против полицијата која постапува незаконито и да ги изнесат сторителите пред правдата без страв од последици по нивниот живот. 4. Декриминализацијата го подобрува пристапот до правда. Законите кои ја криминализираат сексуалната работа прават сексуалните работници да не се чувствуваат 8