S-Work No.82 82 (1) | Page 6

Kриминализацијата  на  сексуалната  работа може  да  ги  стави  ранливите  жени  во поголем  ризик  од  насилство Како општество, имаме тенденција да зборуваме за сексуалната работа и сексуалните работници, без да го слушнеме нивниот глас. Како општество, многу ретко го правиме она што е најважно и најдобро за сексуалните работници. Според неодамнешната студија објавена во декември 2018 година, од страна на Лондонската школа за хигиена и тропски болести се покажало дека голем број сексуални работници со години се обидуваат да кажат дека криминализацијата на сексуалната работа, без разлика дали тоа се однесува на сексуалниот работник или пак на клиентот, резултира со зголемен ризик од насилство. Сексуалните работници кои работат и живеат во земји каде што сексуалната работа е криминализирана, имаат три пати поголема веројатност да доживеат сексуално или физичко насилство од клиентот и двојно поголеми шанси да се заразат со ХИВ или друга сексуално пренослива инфекција, во споредба со оние кои живеат во земји каде сексуалната работа не е нелегална. Кои се позитивните страни на криминализацијата, ако воопшто ги има? Дали вреди да се стави морализирањето во предност во однос на реалното искуство на ранливите групи? Во книгата Revolting Prostitutes на активистите за сексуална работа, од Моли Смит и Јуно Мек, се наведува случајот за целосна декриминализација на сексуалната работа. Што е најважно за многу феминистички читатели кои не сакаат да ја разберат идејата за продажба на женската сексуалност, книгата објаснува дека не треба да ја сакате сексуалната работа за да дадете поддршка за остварување на безбедните услови за работа на сексуалните работници. „Сакавме да им потенцираме на феминистките, дека е во ред да не им се допаѓа постоењето на сексуалната индустрија но „решенијата“ како што е криминализацијата не им помага на луѓето кои продаваат секс – токму ваквите „решенија“ ни штетат и што е најлошо ги повредуваат најранливите луѓе", истакнува Моли. Сексуалните работници се работници и имаат различен однос кон нивната работа, како и сите останати работници. Некои ја сакаат својата професија, а некои пак ја мразат. Ова важи за секоја професија. На крајот од денот, колку работникот ја сака својата работа не е релевантно за тоа колку треба да бидеш сигурен и безбеден на работното место. За многу владини службеници и феминисткички здруженија, „Шведскиот модел“, според кој лицето кое купува секс е криминализирано, а пак сексуалниот работник не е, е еден вид сочувствителна средина. Тоа е еден начин да се каже „ние се спротивставуваме на сексуалната работа, но не сакаме да ги повредиме ранливите групи“. 6