S-Work No.82 82 (1) | Page 5

некој до себе, и иако ова изгледа како мала работа, сепак потребно е многу за да се изгради довербата и зголеми самопочитта“, вели тој. Во Канада на Шакти и е дозволено да ги продава своите услуги, а сепак не е легално да се купува сексуална услуга или пак да се користи експлицитен јазик во рекламирање на истите. Таа вели дека би сакала ова да биде покриено со здравствено осигурување, со што повеќе луѓе би можеле да ги видат придобивките од сексуалната работа. Некои земји веќе направија чекор напред во однос на овозможување на сексуални услуги на лица со попреченост. Луѓето кои живеат со хендикеп во Холандија, веќе имаат можност да ги користат сексуалните услуги од професионални сексуални работници. Еден 21-годишен британец со потешкотии во говорот веќе неколку пати го има посетено Амстердам само за да ги користи овие услуги, потенцирајќи ја важноста на ова прашање во рамките на заедницата на лица со ментална и телесна попреченост. Сепак сексуалната работа и во поглед на овозможување на услуги на лица со попреченост е се уште стигматизирана и неприфатена од општеството. 5