што ја поткрепува оваа работа, што пак според моето мислење е нездравото однесување и лоши човечки
односи. Криминализацијата на сексуалната работа дополнително ја зголемува оваа стигма и ги прави
сексуалните работниците и клиентите немоќни да пријават малтретирање или насилство.
Целосно ја поддржувам декриминализацијата на сексуалната работа. Како ранлива категорија на
работници, сметам дека декриминализацијата може да ги подобри нашите услови за работа, а со тоа да ја
добиеме и потребната поддршка. Несомнено, декриминализацијата на сексуалната работа ќе ни даде
повеќе права, ќе ја потврди сексуалната работа како работа и ќе ни дозволи да уживаме во почитта што ја
заслужуваме.
Почитување на правото на сексуалниот работник да одлучува што сака да прави со своето тело.
Почитување на клиентите и нивните сексуални потреби, плус причините за тие потреби.
Почитување на телата и умовите на сексуалните работници; почитување на нивниот емоционален и
физички труд.
Почитување на правата на сите сексуални работници и на клиентите да имаат слобода на изразување за
нивните лични искуства без страв од одмазда или пресуда.
Самопочитување за оние кои избираат да нудат или да користат сексуални услуги.
Би сакала да видам позитивна застапеност на сексуалната работа од страна на медиумите. За жал
сексуалното работно искуство често се користи како оружје против некој во јавниот простор. Често,
личните исуства и приказни на сексуалните работници се користат за негативно претставување на
сексуалната работа во јавноста.
Би било прекрасно да се декриминализира сексуалната работа и истата да се редефинирана како достојна
и почитувана професија, која навистина нуди вреден придонес кон општеството.
Кети Кин
3