Сексуалните работници играат значајна
улога во општеството: „Ние не сме
криминалци“
Секогаш кога слушам за сексуалната работа, тоа е често преку призмата на негативноста. Општеството е тоа
кое ги игнорира оние кои избираат да вршат сексуална работа и да уживаат во неа.
Луѓето како мене.
Првиот стриптиз танц го направив во 1999 година.
Она што првично изгледаше како брз и едноставен начин за финансирање на студентскиот живот наскоро
стана легитимна кариера која траеше 16 години. Претходно, ја гледав мојата женственост како слабост или
нешто што треба да се поттисне. Но, во стриптиз клубот, тоа беше моја моќ; мојот извор на креативност и
начин да ја дефинирам мојата сексуалност. Секако имало и лоши денови, но која е таа работа која нема
свои подеми и падови. Сепак, во основа моето искуство како стриптизерка беше позитивно. Прилично брзо
по започнувањето со оваа професија, сфатив дека начинот на кој стриптизот е промовиран од оние што
профитираат од него не ја одразува реалноста на работата.
Ми пречи тоа што повеќето не гледаат како физички предмети. Вистината е дека иако соблекувањето е дел
од работата, ние исто така мора да бидеме подготвени за емоционално или псиохолошко советување на
нашите клиенти, бидејќи повеќето од нив токму тоа и го бараат од нас. Ме разочарува фактот дека
сексуалните работници и оние кои ги користат нивните услуги се толку демонизирани, особено кога
сексуалната работа е толку раширен и составен дел од општеството. Често сексуалните работници се
почитуваат од доверливи лица, со тоа што сексуалната работа е една од најприфатливите форми на
терапија.
Во мојата кариера како сексуален работник, секогаш се чувствував ценето и почитувано од моите клиенти и
од оние со кои работев заедно. Сеуште одржувам комуникација со многу различни типови сексуални
работници и повеќето од нив се согласуваат дека клиентите го сакаат истото: приватниот простор во кој ќе
можат да се изразат искрено, без никој да им суди.
Постојат, неколку истражувања за историјата на сексуалната работа, во кои се окрива улогата на сексуалните
работници. Пред околу 5000 години, жените сексуални работници ги окупирале храмовите во Месопотамија
и истите биле гледани како „божици“, биле издигнувани како духовни исцелители и свети сексуални
терапевти кои биле способни да ги залечат емоционалните и физичките рани на оние кои претрпеле
траума.
Сексуалната услуга се сметала за божествен и духовен дар, па слободно се разменувале пари за возврат за
добивање на овие услуги. Сексуалните работници биле негувани и почитувани. Исто така постојат и докази
за машки сексуални работници кои работеле сексуална работа.
За разлика од античките приказни за сексуалните божици, сексуалната работа денес често е лишена од било
каква емотивна поврзаност и се сведува на неприфаќање од општеството на кое гледаат како неморален
чин. Честопати клиентите не ги почитуваат сексуалните работници, а како резултат на тоа и сексуалните
работници не ги почитуваат клиентите кои во нив гледаат како на предмети. Парите се единственото нешто
2