Во 2018 година, ТрансФорма со помош на Коалиција Маргини го добива својот прв проект од
Глобалниот Фонд, преку Евроазиската Коалиција за машко здравје. Се реализираат обуки за
комуникациски вештини, обуки за застапување и слично. Транс заедницата е сѐ поприсутна на
јавните настани поврзани со ЛГБТИ заедницата. Кон крајот на 2018 ТрансФормА го започнува и
вториот проект, кој е сѐ уште во тек. Со продолжување на обуките за застапување, се организираат
работилници за креативен активизам, при тоа формирани се работни групи, како и тим за
застапување во соработка и со членови на други организации-поддржувачи. Во овој период,
ТрансФормА се во фаза на подготовка на официјално регистрирање на својата организација, со цел
да ги застапува и заштитува правата на трансродовите лица во Македонија.
8