Сексуалната работа денес ми е
единствен начин на егзистенција
Животот на секој човек претставува посебна приказна, секој носи
свои стравови, желби и надежи... но ретко кој сака да ги раскаже.
На некој начин имам желба јас да ја раскажам мојата приказна...
Мојот живот се промени во целост на моја 23 годишна возраст.
Целиот мој свет се смени преку ноќ, повеќе не бев истата.
Подолг период живеев со човек кој ми ветуваше убав живот. Ми
ветуваше љубов и сигурност. Јас како млада, неискусна девојка
наивно му верував. Но, како поминуваа деновите, така вистината
излегуваше на виделина. Започнаа кавги, расправии и
малтретирања. Почна да ме навредува - навистина грди зборови
излегуваа од неговата уста. Ми забрани дури и да јадам. Во сè што се
надевав, едноставно исчезна, тоа не беше човекот како што се
претставуваше.
Бидејќи финансиски бев зависна од него, а ми беше забрането се,
морав да почнам сама да се снаоѓам. Почнав да барам работа разгледувајќи ги огласите по
весниците. Се јавував секаде, одев на разговори, но никој не сакаше да ми понуди работа. Нивните
зборови беа секогаш исти: „ОК“, „Ви благодариме“, „Оставете Ваш телефонски број“, „Ќе ви се
јавиме доколку ни затребате“. Но, никој не се јави. Потоа, случајно наидов на оглас во кој се бараше
масерка без некое претходно искуство, па си реков зошто да не си ја пробам среќата. Се јавив, и
потоа отидов на закажаниот состанок, каде што ми беше убаво објаснето за што всушност станува
збор. Требаше да им нудам на клиентите еротски масажи и сексуални услуги. Занемев за момент, но
потоа сфатив дека немам јадено ништо со денови, едноставно морав да почнам да заработувам
сама.
Жената која ја нудеше работата, едноставно ме гледаше во очи и без никакви двоумења ме праша
дали сакам веднаш да започнам со работа. Едноставно, немав друг избор, а немав ни време и ја
прифатив понудата. Ме праша за името, и одговорив: „Јас сум Нена“. „Влези Нена, те чека клиент за
масажа“. Влегов во собата каде што се прават масажи, ме обзема страв, бидејќи незнаев како се
прави тоа. Се чудев на самата себе си како да започнам, едноставно не можев да се замислам
непознат човек да ме види гола. Но нешто длабоко во мене ме охрабри, можеби тоа беше желбата
за промена во животот, или гладта која ја чувствував. Сеедно, влегов во собата, го измасирав
клиентот онака како што се бараше од мене. Откако заврши смената, се истуширав и седнав. Се
чувствував како да сум на друга планета, едноставно не бев свесна каде сум и која сум. Жената ми
даде пари и ме праша дали ќе дојдам повторно и утре. Ја погледнав и реков: „Да, ќе дојдам!“
Веќе од наредниот ден, не го чувствував тој страв, едноставно како да изгоре нешто во мене. Јас
бев сосема друга личност. Почувствував задоволство дека можам сама да заработувам. И така
поминаа 15 години. Успеав сама да изградам куќа, патував, можев да си дозволам удобен и убав
живот. Бев исполента со позитивна енергија, едноставо успевав сите негативности да ги тргам на
страна.
Имаше периоди кога посакував да ја променам работата. Сакав да направам пауза од сексуалната
работа, и да се обидам да работам нешто друго. Успеав да најдам друга работа. Но, не бев добро
ниту пак редовно платена. Си реков: „Овој ме е** за без пари, епа јас ќе е**м и ќе наплаќам“. Така
повторно се вратив на старата работа. Работев умерено, не бев лакома за пари. Сама ги избирав
клиентите, имаше и такви кои едноставно ги знаев цел живот, постојани клиенти кои и ден денес ги
имам.
Продолжувам да си го живеам овој живот, се разбира додека сум способна за оваа работа. За мене
е сосема нормално да работам како сексуална работничка и покрај стигмата која е длабоко
вкоренета во опшетството. Едноставно си велам: „Добро е додека е добро, бидејќи секогаш има и
полошо“. За мојата животна приказна би рекла дека е филм со среќен крај.
8