S-Work No.69 69 | Page 7

в Мажи кои имаат секс со мажи (МСМ) и ХИВ/СИДА На глобално ниво, мажите кои имаат секс со мажи (МСМ) се за 24 пати повеќе изложени на ризик од ХИВ, во споредба со општата популација. Нови случаи на лица кои живеат со ХИВ кај оваа група се зголемуваат во некои региони - со пораст од 17% во Западна и Централна Европа и пораст од 8% во Северна Америка, помеѓу 2010 и 2014 година. Во 2015 година, мажите кои имаат секс со мажи сочинуваат 12% од новите ХИВ инфекции ширум светот, т.е 54% од новите ХИВ инфекции во Западна Европа, 68% во Северна Америка и 30% во Латинска Америка и Карибите. Кои се фактори кои ја ставаат МСМ популацијата во поголем ризик од ХИВ? ХИВ преваленцата кај мажите кои имаат секс со мажи е висока во многу земји ширум светот и истите се изложени на поголем ризик пред се поради незаштитен сексуален однос. Сепак, постојат и други фактори кои ги ставаат мажите кои имаат секс со мажи во зголемен ризик од ХИВ. 7