со барање на работа. Доколку не живееш со
своите, потешко е да најдеш стан за живеење.
Едноставно тешко е затоа што си неприфатена
од општеството и низ сите проблеми треба
да поминуваш сама без никаква помош и
поддршка.
Кои се твоите предизвици во животот?
Неодамна ги променив моите лични
документи, моето име, но полот сеуште не ми
е променет. Се надевам за три години ќе имам
успешна операција и ќе бидам комплетна
жена и ќе го живеам сонот за кој сум сонувала
од мала. Би сакала да ја најдам љубовта на
мојот живот, да ме прифати таква каква што
сум, без предрасуди. Сакам да се омажам и да
бидам среќна.
Дали твоето семејство и пријателите знаат
дека си трансродова жена?
Со самото неприфаќање од моето семејство,
уште на 20 години решив да си заминам од
дома. Иако тие незнаат што точно се случува
со мене, сепак имаат некое претчувство. Со
брат ми вооппште не комуницирам, односот
со татко ми е променет. Единствено со мајка
ми сеуште сум во контакт, но таа не знае за
целата моја транзиција. Од пријателите што
сум ги имала, може да ги избројам на една
рака тие што ме имаат прифатено и кои
секогаш се тука за мене. Тие се единствените
што ме разбираат и ми даваат целосна
поддршка да продолжам понатаму.
Те молам објасни ми го процесот на
транзиција низ кој што поминуваш?
Пред да започнам со хормонската терапија
бев поопуштена, но со самото земање на
хормони станав поемотивна. Сега многу
работи ме растажуваат, тоа претходно не
ми се случувало. Почнав да размислувам
поинаку, почнав да се чувствувам и однесувам
како девојка. Во однос на врските со мажи,
барам постабилни партнери. Сега сум некако
понервозна, но се надевам дека ќе го поминам
9