S-Work No.68 68webedit | Page 10

овој тежок период и ќе бидам посреќна, повесела. Тука ме гуши секојдневието, па планирам што е можно побрзо да заминам од државата. Сметам дека Европа ќе ми овозможи послободен живот, каде што ќе можам да бидам тоа што сум без да ме осудуваат. Што може да направи светот за трансродовите лица да се чувствуваат удобно и да бидат прифатени? Пред сè, да не не стигматизираат и дискриминираат е тоа што јас го посакувам. Сметам дека секоја трансродова личност ќе се согласи со мене. Сакам да не прифатат такви какви што сме и да не не осудуваат за нашиот избор, за нашиот начин на живеење. *Името не е откриено, со цел да се заштити нејзиниот идентитет 10