S-Work No.63 63 | Page 3

програми за нивна заштита што би им овозможило да живеат нормален живот. Минатата година Стар-Стар по деветти пат го организираше Маршот на црвените чадори. По тој повод заедно марширавме со паролата: „Слободниот избор е право, а не привилегија“. Наша единствена цел е да се запре насилството и тортурата кои секојдневно ја трпат сексуалните работници од општата популација, клиентите и институциите. Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената боја симболизира убавина, а чадорот ги штити сексуалните работници од злоупотреба од страна на полицијата, макроата, клиентите, општеството. Стигмата, дискриминацијата, криминализацијата, насилството против нас сексуалните работници мора да заврши. Обединете се сите и излезете на 17-ти декември да дадете поддршка на сите сексуални работници и застанете против насилството врз нив!!! 3