S-Work No.63 63 | Page 2

10 години активна борба против насилството врз сексуалните работници Оваа година се одбележуваат јубилејни 10 години од кампањата за 17-ти декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Како и секоја година првиот Колектив на сексуални работници СТАР-СТАР заедно со своите поддржувачи, ќе се приклучи кон Глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници во пресрет на овој значаен ден. Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници за прв пат беше одбележан во 2003 година како спомен и почит за жртвите - сексуални работници на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон кој потоа беше осуден на доживотна казна затвор. Оттогаш на овој ден секоја година се организираат протесни маршови на сексуалните работници од целиот свет кои се борат против насилство и дискриминација. 17-ти декември е ден кој ги обединува сексуалните работници од целиот свет, здружено и гласно да говорат против дискриминацијата и со своето делување да ја подигнат свеста кај пошироката популација која секојдневно поттикнува насилство и агресија кон оваа маргинализирана група луѓе. Сексуалните работници секојдневно се соочуваат со насилства, малтретирања, со закони кои не ја поддржуваат нивната работа и кои придонесуваат кон нивна дискриминaција, криминализација и социјална исклученост. Светот не треба да затвора очи пред вистината дека овие луѓе ги губат човековите права. Сексуалните работници подеднакво треба да ги уживаат човековите права, да бидат прифатени од општеството, нивната работа да биде препознаена како и секоја друга работа. Сексуалните работници треба да бидат вклучени во креирање на политичките 2