Ова се прашањата за кои размислувам додека лежам и и молчам во мојот кревет. Знам дека мојот
живот секогаш ќе биде тежок и физички и емоционален, но сексуалната работа е таа која ми дава
надеж за иднината.
Да се биде сексуален работник, значи дека можам да работам кога сакам и кога сум способна за
тоа, секако имам и денови кога не сум. Можам да ја вклопам мојата работа во однос на мојата
физичка попреченост, да изберам кога и како ќе работам, при тоа никој не ми врши притисок за
работното време. Никогаш не работам прекувремено, со тоа имам доволно слободно време да се
грижам за мојата ќерка.
Најтешкото нешто во врска со мојата работа е организацијата. Треба да објавувам реклами за
услугите кои ги нудам, да договарам средби преку телефон со моите клиенти, да пронајдам соодветно
место... Секако, плаќам данок за парите кои ги заработувам, штедам колку што можам, за мојот сон
да имам куќа на океан да може да се оствари еден ден.
Некои луѓе тврдат дека секоја жена на која и требаат пари не е слободна вистински да ја избере
сексуална работа за своја професија, туку е принудена да се проституира поради животните околности
во кои се наоѓа. Повеќето велат дека сексуалната работа е еден вид на експлоатација. Тие велат дека
моите клиенти треба да бидат уапсени, а со тоа сакаат да ме спречат да работам.
Тие велат дека сум во ситуација во која немам друг избор, но јас велам дека токму сексуалната
работа ме извлекува од доживотната ситуација и мило ми е што можам да го правам тоа законски.
После долги години борба со сиромаштија, во очајна состојба и неиздржливи болки, конечно ја
пронајдов работата која ме исполнува. Тоа е работа која можам да ја работам, ми овозможува
да заработувам и да штедам, а тоа го прави мојот живот многу подобар. Сексуалната работа ми
овозможува ментално здравје и среќа, пред сè затоа што ја овозможува иднината на мојата ќерка и
секој ден кога јас или пак некој од моите клиенти не е уапсен е ден кога мојот живот е малку полесен.
7