S-Work No.61 61 | Page 6

Источна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа

Сексуалната работа е она со што го издржувам моето семејство

Како би заработувале за живот ако Вие и Вашето дете имате физичка попреченост? Една мајка со иста судбина јавно говори за тоа како пронашла работа која и го прави животот малку полесен.
Јас сум млада жена и сексуален работник. Мојот живот е потежок отколку што можете да си замислите, но не поради причините за кои во моментов размислувате. Имам утра, кога само лежам во кревет и плачам. Знам дека мојот ден ќе биде болен, и така е секој втор ден, така и ќе биде и во иднина.
Живеам со хронична болка во моето тело, уште од дете, додека пак тешката физичка попреченост на мојата ќерка значи дека ќе се грижам за неа со полно работно време се до крајот на мојот живот. Тоа не е само физичка работа, тоа е тешка емотивна работа, а има денови кога не можам да се справам со истата.
Како и многу други луѓе, се трудам и напорно работам за да можам да се пензионирам и да живеам удобен живот на стари години. Си замислувам како се релаксирам во рустична мала куќа на брегот на океанот, сместена во шарена градина полна со зеленчук и диви цвеќиња. Се замислувам како седам на топлото сонце со пријателите и правам жици од монистри и школки за да висат на дрвјата. Како тинејџерите, пријателите на мојата ќерка се кикотат и велат дека сум толку многу старомодна... Знам дека тоа не е целта на многумина во животот, но не можам да дочекам да бидам старомодна.
Но, во реалноста, живеам во капиталистичка економија, каде што сè е во приватна сопственост и ако не поседувате ништо, тогаш сте заглавени да работите за други луѓе. Моето тело не е способно да работи 40 часа во неделата, ниту пак ми дозволува да се квалификувам за нешто што добро се плаќа. Ме сметаат за инвалид кој не е способен за работа, а сум дел од општество кое не се грижи за луѓето како мене, луѓето како мојата ќерка.
И јас и мојата ќерка постепено ќе стануваме се повеќе и повеќе хендикепирани, но таа многу порано од мене.
Таа веќе има потреба од постојана нега, а сеуште е мало дете. Луѓето и децата како неа со нејзиното ниво на потреби воопшто не се добро сместени, дури ниту во специјалните установи за нега. Не можам да поднесам нејзиниот живот да заврши пред мојот. Морам да планирам за нејзината иднина- и верувам дека ќе ме надживее.
Но, како можам да планирам за нејзината иднина кога едвај можам да ја платам киријата?
Што ќе се случи со неа, ако не поседувам куќа од моментот кога ќе бидам целосно неспособна за работа?
6