Источна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа
Сексуалната работа во Сторивил: Интимни портрети на сексуални работници од Црвената област во Њу Орлеанс пред 100 години
На овие интимни фотографии направени пред еден век позираат сексуални работнички од Њу Орлеанс, полу-голи во најпознатитите легални бордели.
Фотографот Е. Ј. Белок успеал да фотографира десетици жени во внатрешноста на борделите на Сторивил, единствената легализирана област на Црвени светла во Северна Америка, пред истата да биде затворена во 1917-та година.
Сексуални работнички облечени во најскапа чипка и крзно, лежат на огромни кревети и пијат скапи пијалоци, се само дел од фотографиите. Една од највпечатливите е фотографијата на која е прикажана раскошната роденденска забава на Џоси Арлингтон, една од најуспешните мадами, која потекнувала од многу сиромашно семејство, но набрзо станала една од најбогатите жени во градот.
Сторивил бил законски формиран во 1897-та година. Во оваа област цветала сексуалната индустрија и претставувала главен извор за приходите во градот. Од вкупно 40 бордели, во кои работеле околу 12000 сексуални работници, се заработувало околу 15 милиони долари годишно.
Во борделите постоеле книги, т. н сини книги, кои можеле да се купат за само 25 центи. Во нив биле испишани имињата на сите сексуални работнички по азбучен ред, услугата која ја давале и цената.
По дваесет години од отворањето на Црвената област, Американската армија и морнарица побарале Сторивил да биде затворена, со образложение дека округот има „ лошо влијание” на морнарите во блиската поморска база.
Денес, сексуалната работа е легална само во руралните делови на Невада, додека пак во сите други Соединети Американски Држави е нелегална.
Збирката фотографии на Е. Џ. Белок која на јавноста и стана позната уште во шеесеттите години од минатиот век, ја доловува магијата во минатото која се крие во еротските портрети на дамите кои се занимавале со најстариот занает.
9