Но, ако размислиш пологично, јас сум позаштитена во вториот случај. Го знам името на Мистер Рандом, неговиот број и се наоѓам во хотел, опкружена со повеќе луѓе. Тотално сум свесна што правам и имам целосна слобода да кажам ДА или НЕ. И се е тоа ОК, додека не се инволвираат парите, тогаш взаемното задоволство се стигматизира.
И оваа теорија дека сексуалната работа е штетна и сама по себе срамна. Но тоа што е посрамно е социјалното изолирање на оние кои сакаат да си го продаваат своето тело за пари. Тоа што е уште пострашно е да тераш некој да ја чува својата професија во тајност, а тоа, драги мои, претставува измама! Со отфрлање на сексуалните работници, спротивставувајќи им се на нивните слободни избори и правејќи претпоставки за нив и нивните интелектуални и политички стандарди, на некој начин се врши систематско виктимизирање на сексуалните работници. Не е ли тоа против кое феминистките се борат? Иронично е како феминистките ги отфрлаат сексуалните работници, бидејќи ја изразуваат својата сексуалност на начин кој не се вклопува во нивната „ прифатлива” верзија на сексот. „ Вашето тело не им припаѓа на мажите!”, велат феминистките. Последен пат кога проверив, со имањето секс не го подарувам моето тело на мажот, туку тоа е само уште еден начин да го користам моето сопствено тело за да заработам како што тоа го прават сите други. Што не е во ред со тоа, тогаш?
Сексуалната работа, кога е по своја желба и согласност, е сè друго освен анти-феминистичко. Сексуалните работници не одат наоколу со подигнато знаме со зборовите: „ Користете го моето тело кога и како сакате, затоа што навистина не сакам да бидам третирана како човечко суштество”. Тоа е само уште една работа, и без оглед на околностите под кои една жена избира да влезе во секс индустријата, не треба да и се скрши достоинството. Наместо да биде обележана како жртва, треба да се чувствува сигурна и исполнета со нејзиниот избор.
Да, ние мора да го браниме правото на жената да каже „ не”, но што е со нејзиното право да се каже „ да”? Можете да бидете феминистка и да уживате во вниманието на мажите. Можете да бидете феминистка и да го избричите целото тело. Но, пред сè, можете да бидете феминистка и да бидете сексуална работничка!
„ Крајно време е, ние како жени да престанеме да поставуваме нереални идеологии под изговор на феминизмот и да почнеме да ги прифаќаме, како и да ги охрабруваме жените од сите сфери на животот. И што е најважно, престанете да ги судите другите жени за нивните слободни избори!“ вели Енди.
8