S-Work No.56 56 | Page 6

„ Тоа што во Кас е навистина прекрасно,“ објаснува Карли, „ е специјалното одделение на полицијата која се вика Тезеј и е задолжено за контрола на сексуалните работнички и спречува насилство и злоупотреба врз истите“.
„ Тие го имаат регистрирано мојот број на мобилен и можам во секое време да ги повикам доколку се најдам во опасност. Ја знаат и мојата адреса. Нашите лични информации, полицијата ги проследува до регионалните здравствени служби и сексуалните работници добиват список на лекари кои им нудат бесплатна здравствена контрола. Здравствените контроли не се задолжителни, но редовната посета е добра за зачувување на своето здравје, и секако да им покажетете на своите клиенти дека не сте заразни“.
Карли има регистриран ПДВ и редовно пријавува личен приход: „ Повеќе сакам да плаќам данок, иако е висок, но за возврат добивам совршени услуги и социјално осигурување. Еден ден кога ќе одлучам да се повлечам од оваа работа, ќе имам и пензија. Покрај тоа, од данокот ми се одбиват сите трошоци во врска со работата, повици од мобилен телефон, козметички третман, па дури и услуги за пластична хирургија“.
6