Швајцарија - совршена место
за италијанските сексуални
работнички
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа
Во Швајцарија, сексуална работничка може да се регистрира кај локалната полиција, да плаќа
данок и да бара намален износ за истиот поради работните трошоци.
Италијанката Карли (32), секој ден патува преку граница за да стигне на работа. За да може
слободно да работи пет дена во неделата, таа секој ден вози околу седум километри од местото
Комо во Северна Италија, покрај Алпите, до Кас во кантонот Тичино, италијански дел во Швајцарија.
„Во Италија улиците се опасни, се работи во кола и никогаш не знаеш што може да се случи.
Италијаните се безобразни и вулгарни затоа што сексуалната работа во нашата земја сеуште е
табу тема“.
Во местот каде што работам нема макроа: „Откако ќе платам данок, останатото што го заработувам
оди право во мојот џеб“. Карли во Кас заработува повеќе отколку во Комо, отприлика околу 8000
швајцарски франци месечно.
„Мојот сопруг знае што работам и ме поддржува во тоа. Неговиот занает е ѕидарство и заработува
само 500 евра месечно. Имаме тригодишна ќерка и ни требаат повеќе пари. Сакаме еден ден да
си купиме наша куќа во Швајцарија и таму да живееме“.
Карли работи по 6 часа на ден од пладне до 6 часот попладне, а станот во кој работи го дели со
колешка која исто така е од Италија, и секојдневно патува со кола за да стигне до работното место.
Кога таа е отсутна поради годишен одмор, нејзината соба ја изнајмува на девојки од Милано.
„Тука е многу едноставно. За разлика од Италија, сексуалната работа во Швајцарија е регулиран
со закон. Единствено што треба да направиш е да се регистрираш во полициска станица, да им
кажеш дека работиш како сексуален работник и да добиеш работна дозвола“.
5