Како сексуалните работнички
го доживуваат задоволството
со клиентите
Сексот е работа. Но, секако има врска и со сексуалноста, зарем не?
Иако многу луѓе мислат дека сексуалната работа е чисто професионална, нови студии за
интимноста, врските и задоволството во секс индустријата го истакнаа амбивалентниот пристап
на многу сексуални работнички во својата работа.
Една неодамно објавена студија на Универзитетот ЛА ТРОБ во списанието СЕКСУАЛНОСТ го
опишува токму пристапот на сексуалните работници во својата работа. Квалитативната студија:
„Мене тоа ми стана навистина интимно: Граници на задоволства и пристап до сексуалната
работа“, која ја напиша Елизабет Меган Смит, и во неа вклучила девет жени кои работат како
сексуални работнички во Викторија, Австралија.
Во ова истражување, низ разговори и фотографии е прикажана работата, интимноста и
задоволството на сексуалните работнички. Смит побарала од своите испитаници отворено да
зборуваат за своите сексуални задоволства кои ги доживуваат при самата работа и што мислат
тие за тоа, како и визуелно да го претстават односот што го имаат со своето тело и како се грижат
за себе.
На прв поглед, оваа студија не делува толку револуционарно, но сепак ги опфаќа клучните фактори
кои придонесуваат за ова истражување за тоа како сексуалните работнички го доживуваат
задоволството, за време на работата и приватно. Феминистичките теории за учеството на жените
во сексуалната работа и понатаму преставуваат жестока расправија околу тоа дали сексуалните
работнички имаат моќ во својата работа, или се инертно експлоатирани и принудени. Радикалните
феминистки ја опишуваат секс уалната работа како трансгресивен и субверзивен чин. Тие сметаат
дека изборот на сексуалните работници не е рационален, и речиси во секој случај е резултат
на насилство, зависност од дрога или екстремна сиромаштија. Дури, во едно истражување
за сексуалната работа, клиничкиот психолог Мелиса Фарлије има изјавено дека сексуалните
работници се „домашни црнци“.
Секс позитивните феминистки го возвратија ударот и сметаат дека размената на сексуалните услуги
за пари може да бидат сексуално ослободителна. Со својата работа, сексуалните работнички можат
да стекнат моќ внатре во општествената структура во која мажите се привилегирани сексуално и
економски.
„На мои 19 години, некаде по
мојата втора година на студии,
започнав да работам како
стриптизета. Често уживав во
работата и искусив слобода при
самата работа (многу повеќе
отколку кога работев како
гардероберка). Но, секако точно
е дека понекогаш не уживав во
својата работа, и се тоа зависи
од околностите,“ вели Кејт, една
од учесниците на студијата на
Смит. Таа вели дека пред да стане
девојка која нуди сексуални услуги
имала потешкотии со доживување
на сексуално задоволство со маж,
па очекувала дека сексуалната
работа ќе биде работа која мора
да ја истрпи за да заработи пари.
Но, наместо тоа, новата работа ја
3