1-ви мај - Меѓународен ден на
трудот: Сексуалната работа е
работа како и секоја друга
1-ви мај - Меѓународниот ден на трудот е посветен на зачувување и унапредување на правата на
работниците. Овој ден за првпат се одбележа далечната 1889 година во знак на почит кон жртвите
на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел
воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што
имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од
нив беа и погубени.
Оттогаш, традиционално, на 1-ви мај секоја година во повеќе земји ширум светот, како и во
Република Македонија, се одржуваат протести во знакот на одбележувањето на Меѓународниот
ден на трудот.
СТАР-СТАР како здружение на граѓани за поддршка на маргинализирани работници, се вклучува
во борбата за социјална правда и работнички права. СТАР-СТАР има една заедничка цел, а тоа е
унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Македонија.
Како последица од непризнавањето на сексуалната работа, нерегулирање на законите кои ги
таргетираат сексуалните работници во однос на нивните работнички права, како и нееднаквиот
третман на сексуалните работници ги поттикнува истите во се поголем број да дадат поддршка во
борбата за правата на работниците.
Со признавање на оваа работа како и секоја друга ќе се овозможи поголема социјална и правна
заштита на сексуалните работници под покровителство на законите за работни односи.
2