OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 26
24 – ПРЕДГОВОР
врска со товарот на докажување во предметите каде што станува збор за
примена на трансферни цени, кои одредби преовладуваат над кои било
домашни одредби кои се во спротивност со тој член. Меѓутоа, други
земји сметаат дека со член 9 не се утврдуваат правилата за товарот на
докажување (да се погледне параграф 4 од Коментарот кон член 9 од
Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД). Без оглед на тоа која
страна го носи товарот на докажување, ќе треба да се спроведе оцена на
правичноста на алокацијата на товарот на докажување имајќи ги предвид
другите особености на даночниот систем на конкретната јурисдикција што
имаат извесно влијание врз севкупното администрирање на правилата за
примена на трансферни цени, вклучувајќи го и делот на решавање спорови.
Во овие особености спаѓаат паричните казни, практиките за проверка,
управните жалбени постапки, правилата во врска со плаќањето камата
во однос на дополнително утврдените даночни долгови или даночни
побарувања, дали разликите поради помалку пресметаните даноци мора
да се платат пред да се вложи приговор против одреден даночен акт со кој
се допресметува даночен долг, роковите за застарување, и степенот до кој
правилата однапред се објавуваат. Би било непримерно да се искористи која
било од овие особености, вклучувајќи го и товарот на докажување, за да
се пласираат неосновани тврдења во врска со примената на трансферните
цени. Дел од овие теми се предмет на дополнителна дискусија од Поглавје
IV.
19.
Овие Насоки се фокусираат врз главните принципиелни
прашања што настануваат во делот на трансферните цени. Комитетот за
фискални прашања има намера и натаму да продолжи со својата работа во
оваа област. Во 2010 година, беше одобрена ревизија на поглавјата од I до
III, како и ново Поглавје IX, како резултат на активностите преземени од
страна на Комитетот во делот на споредливоста, методите на трансакциска
добивка и на аспектите од деловните преструктурирања поврзани со
трансферните цени. Во натамошната работа ќе се опфатат прашања
како што се: примена на принципот „дофат на рака“ во трансакциите со
нематеријален имот, услуги, СУТ, постојани деловни единици и тенка
капитализација. Комитетот планира редовно да ги разгледува искуствата
на земјите-членки на ОЕЦД и на одбрани земји кои не се членки на ОЕЦД
во поглед на користењето на методи за примена на принципот „дофат на
рака“, со особен акцент врз потешкотиите на кои се наидува во примената
на методите на трансакциска добивка (како што истите се дефинирани
во Поглавје II) и врз начините на кои овие проблеми биле решавани меѓу
земјите.
ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ