OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 24
22 – ПРЕДГОВОР
прашања на ОЕЦД, во кои се обработува примената на трансферните
цени и на други поврзани прашања од даночната сфера, а во однос на
мултинационалните претпријатија. Основниот извештај е Трансферни
цени и мултинационалните претпријатија (1979 година) („Извештајот
од 1979 година“) што Советот на ОЕЦД го повлече во 1995 година. Во
другите извештаи се обработуваат прашања во делот на примената
на трансферни цени во контекст на конкретни теми. Тоа се следниве
извештаи: Трансферни цени и мултинационалните претпријатија - три
прашања поврзани со оданочувањето(1984 година) („Извештајот од 1984
година“) и Тенка капитализација („Извештајот од 1987 година“). Во
Предговорот е вклучена листа на измени и дополнувања спроведени кон
овие Насоки.
14.
Овие Насоки исто така се надоврзуваат на дискусијата започната
од страна на ОЕЦД во однос на предложените законски прописи за
примена на трансферни цени во Соединетите Американски Држави
[да се погледне ОЕЦД Извештај Даночните аспекти од примената
на трансферни цени во мултинационалните претпријатија: предлогпрописи во Соединетите Американски Држави (1993 година)]. Меѓутоа,
контекстот во кој беше изготвен тој Извештај многу се разликуваше од
контекстот во кој беа започнати овие Насоки, неговиот опфат беше многу
поограничен и конкретно се однесуваше на предложените прописи во
САД.
15.
Земјите-членки на ОЕЦД и натаму го прифаќаат принципот
„дофат на рака“ онака како што истиот е содржан во Модел-конвенцијата
за оданочување на ОЕЦД (и во билатералните конвенции кои во оваа
смисла законски ги обврзуваат страните во спогодбите) и во Извештајот
од 1979 година. Овие Насоки се фокусираат врз примената на принципот
„дофат на рака“ за оценување на трансферните цени меѓу поврзаните
претпријатија. Целта на Насоките е да им помогне на даночните
администрации (на земјите-членки на ОЕЦД и на земјите кои не се
членки на ОЕЦД) и на МНП така што ќе укаже на начини со кои може да
се дојде до заемно задоволувачки решенија во случаите каде што станува
збор за примена на трансферни цени, со што ќе се сведат на минимум
несогласувањата меѓу даночните администрации, како и меѓу даночните
администрации и МНП, а ќе се избегнат