OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 103

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 101 направените трошоци, како и стандардните или планските трошоци. Но кога станува збор за фактички направените трошоци, може да настане проблем бидејќи е можно тестираната страна да нема поттик внимателно да ги следи трошоците. Кај договорите кои се склучуваат меѓу независни претпријатија, остварување на заштеди во однос на трошоците како цел често се вклучува во методот за определување на надоместокот. Во договорите за производство меѓу независни претпријатија, може да се случи цените да се утврдуваат врз основа на стандардните трошоци, а секое намалување или зголемување на фактички направените трошоци да му се припишува на производителот. Кога цените ги одразуваат договорите кои би можеле да се склучат меѓу независни претпријатија, слични методи можат да се земат предвид при примената на методот на трансакциска нето-маржа базирана врз трошоците. Да се погледне параграф 2.52 за дискусија во врска со истото прашање во однос на методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка. 2.96 Примената на планските трошоци, исто така може да создаде проблеми онаму каде што постојат големи разлики меѓу фактичките и планските трошоци. Вообичаено, кога независните претпријатија ги утврдуваат цените врз основа на плански трошоци одлучуваат кои фактори ќе ги земат предвид при утврдување на буџетот, утврдуваат на кој начин планските трошоци се споредувале со фактички направените трошоци од претходните години и на кој начин ќе се постапува во непредвидени околности. Б.3.4.3 Случаи на пресметка на показателот на нето-добивката во однос на средствата 2.97 Стапката на поврат на средствата (или на капиталот) може да претставува соодветна основа во случаите каде што средствата (отколку трошоците или остварената продажба) се подобар показател за додадената вредност од страна на тестираната страна, на пример, кај одредени производни или други активности кои подразбираат значително ангажирање на средства и капитално интензивни финансиски активности. Кога показател претставува нето-добивката што се мери во однос на средствата, треба да се користат само оперативните средства. Оперативните средства вклучуваат: материјалните оперативни основни средства, вклучувајќи земјиште и објекти, постројки и опрема, оперативни нематеријални средства што се користат во бизнисот, како на пример патенти и стручни знаења (know how), и обртните капитални средства, како што се залихите и побарувањата од купувачи (намалени за обврските кон добавувачи). Инвестициите и готовинските салда обично не се сметаат за оперативни средства, со исклучок на финансискиот сектор. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ