OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 102

100 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ и на околностите на конкретниот случај. Онаму каде што показателот за нето-добивката се мери во однос на направените трошоци, предвид треба да се земат само оние трошоци кои директно или индиректно се однесуваат на контролираната трансакција што се анализира (или на трансакциите агрегирани во согласност со принципот од параграф 3.9 до 3.12). Следствено на тоа, потребно е соодветно ниво на сегментирање на билансите на даночниот обврзник за да може да се изземат од именителот оние трошоци кои се однесуваат на други дејности или трансакции и имаат материјален ефект врз споредливоста со неконтролираните трансакции. Дополнително, во повеќето случаи во именителот треба да се вклучат само оние трошоци кои се од оперативна природа. Дискусијата од параграф 2.80 до 2.85 од претходниот текст, исто така важи и за трошоците како именител. 2.93 При примената на методот на трансакциска нето-маржа што се темели врз трошоците, често се користат вкупните трошоци односно сите директни и индиректни трошоци што се припишуваат на дејноста или на трансакцијата, заедно со соодветната алокација во поглед на општите трошоци на работењето. Се поставува прашањето дали и до кој степен е прифатливо, во рамките на принципот „дофат на рака“, значителен дел од трошоците на даночниот обврзник да се третира како“проодни” ставки кон кои не се припишува никаков елемент на добивка (т.е., трошоци што потенцијално можат да се изземат од именителот на показателот за нето-добивка). Ова зависи од тоа до кој степен независното претпријатие во споредливи околности би се согласилo да не оствари маржа на дел од трошоците што ги реализира. Одговорот не треба да се темели врз класификацијата на трошоците како „внатрешни“ или како „надворешни“ трошоци, туку врз анализата на споредливоста (вклучувајќи ја и функционалната анализа). Да се погледне параграф 7.36. 2.94 Кога ќе се заклучи дека третирањето на трошоците како „проодни” ставки е во согласност со принципот „дофат на рака“, се поставува второ прашање во врска со последиците врз споредливоста и врз утврдувањето на опсегот на резултати во согласност со принципот „дофат на рака“. Бидејќи е неопходно да се врши споредба меѓу две исти работи, ако“проодните” ставки се исклучат од именителот на показателот за нето-добивката на даночниот обврзник, споредливите трошоци исто така треба да се исклучат од именителот на показателот за нето-добивката на споредливото претпријатие. Проблеми со споредливоста можат да настанат во практиката онаму каде што има ограничени расположливи информации за деталниот преглед на трошоците на споредливите претпријатија. 2.95 Зависно од фактите и од околностите на конкретниот случај, како соодветна основа за трошоците можат да се користат фактички ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ