My first Publication TRANSIT tool | Page 99

3 Услуги 3.2.3 Здравствени услуги за родово потврдување Целта на обезбедувањето на родово – потврдувачките услуги за трансродните лица е да се обезбеди удобност во нивниот родов идентитет, родово изразување и психички карактеристики. Ова може, а и не мора да вклучува хормонска терапија или други процедури како операции. Што е потребно, зависи од тоа што ќе им помогне да имаат исполнет живот и што е достапно во нивната земја. Рамка 3.3 Пример на случај: Интегрирани здравствени услови предводени од трансродни лица во В.Британија Националните здравствени услуги на В. Британија им овозможуваат на трансродните лица примање на родово–потврдувачка грижа, но не се достапни специјални интегрирани услуги кои вклучуваат и сексуално и репродуктивно здравствени услуги. Со следење на сеопфатен период на консултации, планирање и иновација, CliniQ станал првиот (и единствен) транс – воден интегриран центар за сексуално здравје и благосостојба во В. Британија. Услугите се развиени и пружени од страна на трансродни лица до други трансродни лица, со слоганот „ништо за нас, без нас“. CliniQ центарот е отворен еднаш неделно, 3 часа, во простор финансиран од страна на клиника за секусално здравје во Лондон. Оваа клиника нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи советуваењ, менторирање и ментално здравје; сексуално здравје; социјална работа; придобивки и домашна помош; програми за користење на алкохол и дрога; акупунктира и јога; и настани за градење и зајакнување на заедницата. Сите овие услуги се пружаат од страна на искусни работници кои не се платени за тоа, освен сестрите и докторите, кои се платени од страна на Националните здравствени сервиси. CliniQ користи настани во заедницата и социјални мрежи да им даде до знаење на членовите од трансродните заедници дека тие се транс-воден и здравствено-интегриран пружател на услуги. www.cliniq.org.uk Хормонска терапија Трансродните лица можат да примаат хормонска терапија со цел нивниот надворешен изглед да се совпадне со нивниот родов идентитет и изразување. Хормоните вклучуваат естрогени и андрогени блокатори за трансродните жени и тестостерони за трансродните мажи. Ако не се во можност да ја примат оваа терапија, трансродните жени најчесто користат несигурни и сомнителни хормони (види Секција 3.3.4). • Хормоните треба да бидат препишани од обучени здравствени работници користејќи прифатливо упатство (за листа на протокол за хормонска терапија, види Секција 3.4). • Клиентите треба да бидат информирани за ризикот и придобивките на хормонската терапија, како и повратните и неповратните ефекти од терапијата. • Здравствените работници треба да обезбедат едукација во врска со ризикот и советувања за намалување на штетите. Од перспектива на намалување на штетите, потполно информиран клиент кој е во состојба да обезбеди правна согласност, во крајна линија е најважниот глас при разгледување на опциите за третман. 98