3 Услуги
За трансродните лица на хормонска терапија кои живеат со ХИВ и имаат
потреба од антиретровирусна терапија, види Секција 3.3.9. При давање на
хормонска терапија, здравствените работници можат исто така да ги решат
проблемите на трансродните лица со примарната грижа, вклучувајќи ХИВ
превенција, дијагноза, третман и нега. Поради ова, од голема важност
за здравствените услуги поврзани со промената на помош би било да се
сподели локацијата и да се интегрирани со услуги за примарна грижа,
особено ХИВ поврзани услуги, како дел од сеопфатните, интегрирани
сексуални стратегии кои се дел од потребите на трансродните лица.
Процедури за операција
Некои трансродни лица подлегнуваат на операции за да го доближат
нивниот надворешен изглед до нивниот родов идентитет. Не постои
единствена операција за промена на полот, туку комбинација на операции
од кои луѓето можат да одберат една или повеќе (види Табела 3.1). Дури и
во високо развиените земји, хируршките процедури за родопотврдување
не се широко достапни затоа што постојат малку обучени доктори за
извршување на овие операции, а и трошоците се прилично високи и некои
трансродни лица не можат да си ги дозволат. За трансродните лица кои
планираат да направат операција (или веќе направиле), важно е докторите
да комуницираат со пациентите во врска со пред и после оперативната
грижа.
99