3 Услуги
3.2.2 Примарна грижа
2014 Консолидирани упатства за клучните популации
Здравствените работници треба да бидат чувствителни и да се запознаени со
специфичните здравствени потреби на трансродните лица (види Фигура 3.3).
Рамка 3.2
Препорачани протоколи за третман и упатство за
транс – компетентна здравствена грижа
Центарот за извонредност на здравјето на трансродните лица во Универзитетот на
Калифорнија Сан Франциско, САД нуди медицински протоколи за примарна грижа на
трансродните клиенти, вклучувајќи хормонска терапија, а тоа може да се види и на онлајн
страната: http://transhealth.ucsf.edu/trans?page=protocol-00-00. Протоколот освен на
Англиски, е достапен и на Шпански.
Светската професионална асоцијација за здравјето на трансродните лица (WPATH)
публикувала упатство за грижа на трансродните лица, кое може да се погледне на веб
страната: http://www.wpath.org. Ова упатство вклучува и неколку медицински информации,
но повеќе се фокусира на психолошките аспекти на здравствената грижа за трансродните
лица. Ова упатство е достапно на повеќе светски јазици.
Додека важноста здравствените работници да сфатат дека се достапни
протоколи за грижа поврзана со промена на полот, поддршка и третман
(секција 3.2.3) е од големо значење, во некои други околности примарните
здравствени услуги воопшто не се разликуваат од оние за лицата кои не се
трансродни. Трансродните клиенти имаат потреба од здравствени услуги
за видливите анатомски проблеми (останато ткиво после операција, како
што е ткиво на градите после мастектомија (операција за отстранување
на дојката). Здравствените работници треба да го имаат истиот однос со
трансродните лица, како што го имаат и со лицата кои не се трансродни
и никогаш не треба да прават разлика во извршувањето на нивната
медицинска должност.
96