My first Publication TRANSIT tool | Page 83

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права Документ заеднички создаден од повеќе ОН и билатерлани агенции со граѓанско општествени парнери, Оперативно упатство за мониторинг и евалуација на ХИВ програмите за сексуалните работници, мажите кои имаат секс со мажи, и трансродни лица, посочуваат дека законодавците или агенциите за човекови права лоцираат и објавуваат податоци за фрекфенцијата на дискриминација или насилство пријавено од страна на членови на клучните популации поради нивната сексуална ориентација. Во контекст на „сексуалната ориентација“ на трансродните лица, повеќе се користи терминот „родов идентитет или родово изразување“. • Илустрираните индикатори предложени во документот, посебно за трансродните лица се: • Број на трансродни индивидуи кои учествуваат на тренинзи за родова еднаквост и ХИВ; • Индикатор на исход: Процент на трансродни индивидуи опфатени со тренинзите за родова еднаквост и ХИВ; • Излезни индикатори: Процент на трансродни индивиуди опфатени преку предизвиците предводени од заедницата за штетни родови норми во образованието. Во Индија, каде Иницијативата за СИДА AVAHAN вклучил системи за кризни одговори за спречување на насилството, како и програми за собирање на податоци од пријавени инциденти на насилство кои можат да бидат прилагодени и за решавање на потребите на трансродните лица. Овие индикатори вклучуваат: • Број на трансродни лица кои пријавиле инциденти на физичко насилство; • Број на трансродни лица кои пријавиле инциденти на сексуално насилство; • Сторители на било какво насилство врз трансродните лица (пример, полиција, интимен партнер, клиент). Вклучувањето на трансордните заедници е од особена важност во процесите на мониторинг и евалуација за подобрување и поддршка на собирањето податоци и осигурување дека податоците точно се рефлектираат врз искуствата на заедницата. Трансродните заедници можат исто така да обезбедат вкупен преглед на програмите од кои имаат корист, да пријават насилства врз нивните права, како и да влијаат врз настанување на промени. Со спроведување на системи за мониторинг на заедницата, се охрабрува учеството на трансродните членови и зголемување на капацитетот за собирање на релевантни податоци за оние кои што ги примаат услугите. Таквите системи можат да бидат направени со вклучување на трансродни лица во локалните, регионални и национални програми и комитети за преглед. Организациите водени од трансродни лица можат да воведат сопствени процеси за мониторинг преку периодични анкетни испитувања на нивните клиенти во врска со услугите кои ги добиваат или насилствата со кои се соочуваат. Во некои места, трансродните заедници користат социјални мрежи како што се Фејсбук или Твитер за да дадат извештај во врска со здравствените услуги, исходот од лекувањето или искуствата со насилство (види Рамка 2.22). 82