My first Publication TRANSIT tool | Page 82

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права дискриминацијата и превенцијата на насилство како и одговор на нив се многу битни затоа што: • Овие индикатори стануваат клучни компоненти за успех за ХИВ превенција, дијагноза, третман и грижа, глобално. • Податоците за специфичните форми на овој феномен со кој се соочуваат трансродните лица и условите во кои тие се случуваат, обезбедуваат база за планирање и дизајнирање на соодветни поставки, како што се спречувањето на стигмата во здравствените центри, насилството од страна на државните претставници и др. • Вклучување на индикатори за овие феномени во редовната рамка за мониторинг им дозволува на програмите да следат дали има некои несакани последици од програмите и интервенции, на пример „групно насилство“. • Докази за овие феномени со кои се соочуваат трансродните лица се силна алатка за застапувачки напори за промена на законите и политиките поврзани со нив и создавање на прифатливи услови за обезбедување на човековите права на транс лицата. Евалуацијата на превенцијата на стигмата, дискриминацијата и насилството и стратегии за реакција со трансродните лица се потребни пред поголемиот број опишани опции во Секцијата 2.2 и 2.3. Мора да се поведе сметка собраните податоци во врска со стигма, дискриминација и насилство подоцна да не влијаат негативно врз трансродните лица. Градењето на довербата зависи од етничките и безбедносните мерења кои вклучуваат собирање на податоци и вештините на собирачите на податоци во врска со сензитивноста на поставување на прашањата. Трансродните лица мора да бидат еднакви партнери во дизајнот, спроведувањето и разгледувањето на резултатите од било кое собирање на податоци поврзано со активностите за насилствата врз нивните човекови права. Алатката за поставување и следење на цели за ХИВ превенција, дијагноза и грижа за клучните популации на СЗО, обезбедува индикатори кои можат да се однесуваат на трансродните лица во контекст на човекови права и овозможување прифатливи услови. Да се следи стигмата и дискриминацијата: • Стигма и дискриминација со која се соочуваат трансродните лица; • Однесување врз трансродните лица од страна на даватаелите на услуги. Проценка на работата во областите за овозможување прифатливи услови: • Вклучување на трансродните лица во формулирањето на политики и стратегии; • Услуги за правна помош; • Помошни услуги за трансродните лица кои се соочуваат со насилство; • Тренинзи за сензитација на здравствените работници/законодавците во врска со трансродните лица. 81