My first Publication TRANSIT tool | Page 56

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права 2.1 Вовед 2014 Консолидирани упатства за клучните популации 1 Државите треба да работат кон спроведување и донесување на антидискриминаторни и заштитнички закони, кои се произлезени од стандардите за човековите права, за да се елиминира стигмата, дискриминацијата и насилството против луѓето од клучните популации. Секое човечко битие заслужува да ги ужива сите човекови права според светските стандарди. За голем број на трансродни лица, овие права постајат само на лист хартија, а во реалноста им се ускратени. На нив не им се ускратени само фундаменталните права за еднаквост, почит, здравје и безбедоност, туку и правото да бидат тоа што се. Трансродните лица се соочуваат со маргинализација, дискриминација и насилство. Овие понижувачки услови имаат многу штетни последици, од кои една од нив е зголемената епидемија на ХИВ, особено помеѓу трансродните жени. Интервенции за решавање на прашањата во врска со трансфобија, насилство, стигма и дискриминација, како и одржување на човековите права се од голема важност за зачувување на интегритетот на трансродните лица. Ова поглавје опишува како овие проблеми влијаат врз секојдневниот живот, социјалниот и економскиот статус и благосостојба на трансродните лица. Исто така се претставуваат и бројни стратегии за превенција и одговор на овие проблеми. Поголемиот број од овие стратегии се развиени со добра практика од група на трансродни лица и можат да служат како примери за развивање на една програма. 2 Тие се дополнуваат една со друга и секогаш треба да бидат спроведувани заедно (види и Поглавје 5, Фигура 5.1). 2.1.1 Трансфобија и насилство Трансфобијата претставува директна предрасуда кон луѓето чиј родов идентитет 4 или родово изразување 5 не се совпаѓа со општествените норми и очекувања. Тоа е реакција на вистинската или привдната разлика помеѓу биолошкиот родов идентитет со кое лицето се родило и нивниот родов идентитет или изразување. Трансфобијата е социјално изградено однесување, по природа слично на расизмот, сексизмот, ксенофобијата или религиозната нетолеранција. Тоа води до маргинализација на трансродните и родово непотврдените лица и нивните резултати за ранливоста на ХИВ. Трансфобијата може да се однесува на поединци или групи и се манифестира на повеќе начини, вклучувајќи насилство или други агресивни однесувања, стигматизација, непријателство, гадење или други негативни однесувања. Најчесто се отсликува преку криминализација, дискриминација, социјално исклучување, говор на омраза и непријателска медиумска покриеност. 1. Консолидираното упатство за ХИВ превенција, дијагноза, третман и грижа за клучните популации; Женева: СЗО; 2014 2. Поголем број од овие стратегии не биле формално евалуирани за нивното влијание вез намалувањето на ризичните фактори и нивоа на стигма, дискриминација или насилство врз трансродните лица. Мониторингот на непосакуваните влијанија и евалуација е многу важен за добивање на докази за намалување на насилството. 55