5 Програмско менаџирање
Секоја промена во прифаќањето на услугите може да се констатира преку
континуиран мониторинг. Зголемувањето на бројот на клиенти може да
сигнализира успех и прифаќање во рамките на заедницата, што доведува
до потреба за зголемување на набавката на робата која овозможува
приспособувања на персоналот. Падот во присуство на транс луѓе може
да укаже на некој локален структурен проблем, спречување «замор»
или недостиг на прифаќање на даватели на услуги. Мерливите промени
во доставувањето на интервенциите, ги алармираат раководителите
на програмите за потребата да преземат активности и соодветно да се
прилагодат на услугите.
Членовите на локални трансродни заедници мора да имаат право на
одредба за обезбедување на услуги, вклучително и во сите прегледи и
кога се неопходни корекции. Ова идеално се постигнува преку комитет за
надзор на програмата или управен одбор кој вклучува претставување на
заедницата за да им даде повратни информации и упатства за заедницата
до менаџерите. Ваквиот надзор е суштински аспект на квалитетот на
програмата, осигурувајќи дека услугите или интервенциите се доставуваат
соодветно и се усогласени со потребите и очекувањата на заедницата.
Мониторингот на спроведувањето дава преглед за покриеноста,
прифатливоста и соодветноста на програмот и услугите (исто така види
Поглавје 2, Секција 2.4).
199