4 Пристапи за давање на услугите
4.6 Безбедни простори (дроп–ин центри)
Терминот „безбедни простори“ е широко користен во текот на програмите
за превенција на ХИВ меѓу клучните популации. Во транс-заедниците,
безбедни простори се секоја локација каде што транс-поединците можат
да се соберат на место на кое што се чувствуваат сигурни и се способни
слободно да се изразуваат. Безбедните простори исто така може да бидат
онлајн (виртуелни) локации (видете Секција 4.7), но овој дел се однесува на
физичките безбедни простори, исто така познати како дроп–ин центри, кои
можат да бидат:
• место каде што членовите на заедницата може да разговараат за
програмите со програмските менаџери за да го подобрат квалитетот на
услугите;
• место за психосоцијални услуги и поддршка, базирано на побарувачката
на заедницата;
• место за да се обезбедат информации за настани и активности релевантни
за заедницата (не само информации поврзани со програмата);
• место за се засили зајакнувањето на заедницата преку дискусија за
дискриминацијата и стигмата против заедницата и планирање на одговор
во врска со тоа;
• место за дистрибуција на кондоми и лубриканти;
• место за теренските работници да ја разгледаат нивната работа и да
планираат теренски активности;
• место за обуки во заедницата (на теренските работници, но исто така и
на други транс лица, на пример, во одговорот на насилството, анализа
на моќноста);
• Секоја локација каде што се собираат трансродните лица за да споделат
заеднички интереси. Овие простори можат да се движат од приватни
бизниси, како што се салони, до малопродажни места кои се во
сопственост или изнајмени од трансродни поединци или било кој друг
простор во заедницата каде што луѓето редовно се собираат.
Во многу контексти, безбедните простори се важни бидејќи обезбедуваат
единствена можност за транс луѓето слободно да се изразуваат во
посакуваниот пол. На местата каде што криминализацијата и непријателските
социјални средини ги ограничуваат поединците да се облекуваат и да се
однесуваат според посакуваниот пол, безбедните простори може да им
користат како место за промена на облеката, косата и промена на нивната
полова презентност на начин кој е удобен и автентичен за нив. Некои
програми имаат воспоставено социјални собири за неколку часа неделно
во приватни простории на барови и ресторани и во центри за заедницата
(види Секција 4.12). Обезбедувањето на прифатливо и сигурно опкружување,
дури и накратко, во таа можност може да има исклучително позитивно
влијание за учесниците, без оглед на нивната фаза на транзиција.
Безбедните простори може да бидат лоцирани во близина на клиниките кои
работат на STI превенција, или дури во истата зграда. Постојат практични
предности за ко-лоцирање на безбедните простори со клиниките, како што
се погодностите за справување со само еден сопственик и поблиските врски
177