My first Publication TRANSIT tool | Page 148

4 Пристапи за давање на услугите Интервенциите за ХИВ превенција, дијагноза, третман и грижа за ХИВ се поефикасни и поодржливи кога се спроведуваат во рамки на зајакнувањето. Ова им овозможува на поединците и заедниците да ги решат структурните ограничувања на здравјето, човековите права и благосостојбата; да направат социјални, економски и промени во однесувањето и да го подобрат пристапот до здравствени услуги. 4.2 Клинички пристапи Различни програмски модели може да се користат за да се обезбеди сеопфатен континум на превенција, дијагноза, лекување и грижа за пренесување на ХИВ инфекцијата на трансродните лица, во зависност од контекстот, локацијата, проценетот на клиенти и расположливите ресурси (види Табела 4.1). Важно е да се има предвид дека има ограничени податоци за клиничките интервенции наменети за поединци и заедници во споредба со програмите базирани на заедницата. Сепак, воспоставувањето силни врски помеѓу клиниките и заедниците кои им служат е најважно. Со оваа цел, некои пристапи за транс популации може да се прилагодат во зависност од моделите кои се користат за задоволување на потребите на другите клучни популации (види Секција 4.3.2). Табела 4.1 Модели на испорака на клинички услуги и пристапи Вид на клиника Самостојна NGO клиника Опис • • Услуги со полно работно време, најесто пружени од стана на некоја NGO или CBO; идеална за место каде што има поголем број на трансродни лица (над 500). Потребен е посветен персонал. Предности Недостатоци • • • • • • • Технички ефикасна; Може да биде предводена од заедницата; Нудење на сеопфатни услуги; можни се едукациски и клинички интервенции; Флексибилност во решавањето на проблемите на транс лицата; Поголема можност за вработување на трансродни лица, за водење на програми поврзани со нивното здравје; Можност за поврзување си дроп–ин центрите. • • • Може да чини повеќе ако неколку лица пристапат до клиничка помош; Во земји каде што само лекарот има право да администрира хормонска терапија, нивното обучување може да биде скапо; Можности за стигматизирање поврзани со клиниката; Тешко одржување. 147