My first Publication TRANSIT tool | Page 147

4 Пристапи за давање на услугите 4.1 Вовед Сеопфатниот пакет на интервенции презентирани во оваа алатка вклучува здравствени интервенции кои се заеднички за сите транс лица, а специфични само за трансродните жени. Повеќето од овие интервенции се исти интервенции за превенција, дијагностика, третман и нега на ХИВ, како и за општата популација. Во третото поглавје се дискутира за конкретните здравствени проблеми на трансродните популации и начинот на кој тие се решаваат преку клиничките здравствени услуги. Меѓутоа, честопати постојат сложени предизвици и препреки за имплементација и испорака на овие услуги. Некои од овие предизвици се однесуваат на многуте истовремени фактори кои влијаат на здравјето на трансродните популации, вклучувајќи и психосоцијални стресови, употреба на супстанции, насилство и жртвување, дискриминација, семејно отфрлување, социјална изолација и економски тешкотии (види Поглавје 2 за повеќе информации). Другите предизвици се однесуваат на недостатокот на клинички услуги специјално дизајнирани за транс лица кои би можеле да послужат како модели за испорака на услугите. Поради тоа, често е неопходно да се приспособат интервенциите во однесувањето дизајнирани за општата популација или други клучни популации, со цел да се задоволат единствените потреби на транс лицата. Адаптацијата на програмите мора да се изврши со посебнообрнување внимание на потребите на транс заедницата за да се осигура дека услугите се навистина соодветни, достапни и прифатливи за нив, како и финансиски прифатливи и правични. Програмите треба да ги решат овие предизвици и пречки за да обезбедат одржливи ХИВ услуги за дијагностицирање, поврзување, задржување и придржување. Повеќесодржаните интервенции се потребни за да одговорат на овие сложени фактори за интеракција. Покрај услугите за сексуално здравје, важно е да се обезбеди поврзување со третманот на супстанции, психосоцијалната грижа, домувањето, правните и образовните услуги. Еднакво важно е да се објават овие услуги на ниво на заедницата со цел да се опфатат трансродни лица кои можеби се чувствуваат исклучени од општите здравствени услуги во рамките на главните јавни здравствени системи. Ова поглавје ги претставува некои од овие предизвици и дискутира за пристапите за надминување на истите, особено со ангажирање на заедницата во испораката на услугите. Поврзувајќи ги клинички услуги со формалните и неформалните активности под водство на заедницата, можно е да се прошири опсегот на програмите за превенција на ХИВ на поединците кои се маргинализирани и неуслужени. Од клучно значење е членовите на трансродната заедницата да се вклучени во секој аспект на дизајнирањето на програмата и имплементацијата за да се осигура дека стратегиите се релевантни и значајни за нив. Ова е особено важно кога спроведувачката организација не е трансродна или нема значителна транс-застапеност на нејзиниот персонал. Не постои пристап „една големина одговара за сите“, туку општите принципи опишани во овој дел можат да бидат универзално применети. 146