3 Услуги
Рамка 3.14
Пример на случај: Прегледи за насилство врз
трансродните лица: пилот - проект во Мексико и Тајланд
Во 2007-2008, USAID спровеле пилот-проект за развивање на скрининг-алатка за
даватели на услуги во клиниките за ХИВ, за да се идентификува насилството што го
доживуваат транс луѓето и мажите кои имаат редовен секс со мажи. Прегледот беше
интегриран во ХИВ клиничките услуги, вклучувајќи ги и НТЅ и програмите за третман,
во градот Патаја, Тајланд и во Порто Валарта, Мексико . Во Тајланд, прегледот, исто
така, бил интегриран во услугите дроп – ин центрите на заедницата, кои вклучуваат
НТЅ и охрабрување за трансродните лица и мажи кои имаат секс со мажи.
Во Мексико, 65% од трансродните луѓе доживеале насилство во претходната година,
додека во Тајланд бројката изнесувала 8 9%. Емоционалното насилство било најзастапено
во Тајланд (78% кај транс), а сексуалното насилство во Мексико изнесува 65% кај транс
луѓето. Сексуалното насилство било почесто застапено од био кое друго физичко насилство
во скоро сите групи.
Алатката за скрининг им помогна на давателите на услуги да ја подобрат
комуникацијата и довербата со клиентите и да го идентификуваат опсегот на
социјални пропусти со кои се соочуваат. Давателите препорачуваат користење на
обука за советување со жртвите од насилство и обука за сексуална разновидност,
како и услуги за упатување кои ги покриваат сите потреби на транс лица и мажите кои
имаат секс со мажи, како што се правни услуги и засолништа. Генерално, давателите
сметаат дека алатката е корисна за нивната работа и се согласуваат дека скрининг
треба да продолжи, под услов да има институционална поддршка, обука и соодветно
време и простор.
Извор: Egremy G, Betron M, Eckman A. Идентификување на насилство врз
најзагрозените популации: фокус на МСМ и трансродните лица . Прирачник за обука
за даватели на здравствени услуги. Вашингтон (дистрикт): Futures group, Иницијатива за
здравствени политики, задача 1; 2009 година.
Mентално и психолошко здравје
2014 Консолидирано упатство за клучните популации
Треба да се обезбедат редовни прегледи и управување со ментално –
здравствените пореметувања (осовено депресија и психолошки стрес) за сите
клучни популации кои живеат со ХИВ со цел да се подобри здравствениот
исход и одржување на АRT.
СЗО го дефинира менталното здравје како „состојба на благосостојба во
која поединецот ги остварува своите способности, може да се справи со
нормалните стресови на животот, може да работи продуктивно и може да
даде придонес кон неговата заедница“. За транс луѓето да го постигнат
ова, им треба пристап до службите за ментално здравје кои го почитуваат
нивниот родов идентитет и не го сметаат за ментална болест.
Постои зголемена стапка за признавање дека трансродноста не е
нарушување на менталното здравје, туку идентитет кој бара клиничка
компетентност, чувствителност и афирмација. Поголема поддршка на
транс луѓето од страна на некои поединци, семејството и врсниците, како
130