My first Publication TRANSIT tool | Page 130

3 Услуги е можно поскоро и во рок од 8 недели од почетокот на терапијата со туберкулоза. На трансродните луѓе треба да им се понуди иста проценка, третман и грижа за ХИВ – поврзана ТБ како што се дава на популациите кои не се трансродни. Потребни се национални координативни тела на сите нивоа во здравствениот систем за да се обезбеди силна и ефективна соработка помеѓу програмите за ХИВ и програмите за контрола на ТБ. Националната координација треба да се базира на јасен консензус развиен преку соработка со засегнатите страни и оние кои се изложени на ризик и погодени од ХИВ и ТБ. Од оние кои популации кои се вклучени во градењето на националниот консензус, популациите на трансродни лица треба да бидат широко застапени. Решавањето на проблемот со ХИВ и ТБ бара стратешко планирање кое не е само соработка, туку и систематски подредено за истовремено да пружи услуги за ХИВ и ТБ грижа за оние кои се изложени на ризик и кои се засегнати од истите (види СЗО Политика за колаборативни активности за ТБ / ХИВ). Насилство Врската помеѓу насилството и ХИВ е добро документирана (види Поглавје 2). Здравствените услуги, вклучувајќи ги и ХИВ-интервенциите, служат како влезна точка за идентификување и реагирање на искуствата од насилство и траума (види го и делот подолу за траума). Обуката на здравствените работници кои обезбедуваат услуги за ХИВ за сексуално и родово насилство, и обратно, е ефикасен начин за решавање на ХИВ и ризиците поврзани со насилство и злоупотреба. Оние кои обезбедуваат примарна здравствена нега, пошироки услуги за сексуално здравје и намалување на штетата и психосоцијална поддршка можат да бидат обучени на сличен начин. Сите клиники кои нудат услуги за трансродните лица треба да направат снимка на насилство за да понудат соодветна помош и поддршка. Давателите треба да бидат посебно свесни за насилството од интимните партнери и семејно насилство или насилство кое се среќава преку сексуална работа (види Поглавје 2, Секција 2.2). Здравствените работници кои ги третираат повредите поврзани со насилството од транс лица, треба да го олеснат нивниот пристап до РЕР, лекување и грижа за ХИВ и други СПИ, анално - генитални болки, ненамерна бременост и повреди поврзани со вбризгување. Исто така, може да се направат упатувања до правни услуги, кога се достапни и пристапни. 129