My first Publication TRANSIT tool | Page 13

СИГУРНО МЕСТО (дроп-ин центар) е место каде трансродните лица можат да се опуштат, да запознаваат други лица од заедницата и да одржуваат социјални настани, состаноци или тренинзи. ТРАНС–КОМПЕТЕНТНОСТ се однесува на обезбедување услуги, посебно здравствени, на трансродните лица, со висок степен на професионалност кој се изразува со големо стручно познавање за половиот идентитет, човечките права и за посебните ситуации и потреби на трансродовата индивидуа која ја услужува. Пружањето на услугите треба да биде со почитување, без предрасуди или потсмевања, во услови на дестигматизација и декриминализација. ТРАНСРОДОВО ЛИЦЕ во оваа публикација се користи за да се опише лице чиј полов идентитет не се совпаѓа со полот со кој што е роден. Трансродноста е термин кој опишува широк спектар на измешано–полови однесувања и идентитети. Оваа публикација најмногу ја користи кратката форма на овој збор, ТРАНС. ТРАНЗИЦИЈА се однесува на процес низ кој минуваат трансродните лица за да можат да живеат во согласност со нивниот полов идентитет. Ова вклучува промени во надворешниот изглед, облекувањето, манирите или името кое го користат во секојдневната комуникација. Овие видови на транзиција, некогаш се наречени „социјални транзиции“. Транзицијата може да вклучи медицински чекори за промена на полот. Овие чекори некогаш се наречени „медицинска транзиција“ и може да вклучи феминизирачка или маскулинизирачка хормонска терапија, пополнување на мекото-ткиво или пластични операции. Сепак, транзицијата не се дефинира според тоа дали се превземени некакви медицински чекори или не. ТРАНСФОБИЈА е предрасуда насочена кон трансродните лица поради нивниот изглед или полов идентитет. Таа може да биде структурна, на пр. манифестирана во политиките, законите и социо-економските аранжмани кои што ги дискриминираат транс лицата. Може да биде општествена, кога транс лицата се одбиени или малтретирани од другите луѓе. МЛАДИ ТРАНС ЛИЦА се оние лица на возраст од 10 – 24 години, во согласност со Интеграциската работна група за клучните популации ХИВ и млади трансродни лица: технички кратка содржина (Женева: СЗО; 2015). 12