My first Publication TRANSIT tool | Page 12

Речник АГЕНЦИЈА има две посебни значења: 1) организација; и 2) избор, контрола и моќ да дејствува за себе. Во поглавјата каде се сретнува овој збор со второто значење, дефиницијата за истиот е дадена во фуснотите тогаш кога прв пат ќе се појави зборот. ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТ: иако во оваа алатка е искористен овој збор, „развој на капацитетот“, „организациски развој“ или други слични термини можат да послужат подеднакво добро. ТЕРЕНСКИ ЗАЕДНИЦИ се теренски активности на трансродните лица со цел да пружат услуги како едукација, сместување и други форми на помош. Доколку е можно, оваа работа е најдобро да ја извршат вработени со развиени капацитети, особено трансродни лица. Сепак, и лица кои не се трансродни можат подеднакво ефикасно да ја извршат оваа работа, особено таму каде што членовите на заедниците се уште не се доволно едуцирани и капацитетски зајакнати за да работат на терен. ТЕРЕНСКИ РАБОТНИК во оваа публикација се однесува на трансродно лице кое се залага за останатите трансродни лица и кој не е вработен со полно работно време на некоја интервенција за ХИВ превенција. Теренските работници можат да бидат наречени и со други имиња, како „врснички едукатори“. Сепак, термините „врснички“ или „заедница“ не треба да се сфатат како деградирачки термини и да укажат на тоа дека тие се помалку квалификувани или способни отколку вработените теренски работници. РОДОВО ПОТВРДУВАЊЕ се однесува на медицинска процедура која им овозможува на трансродните лица да живеат покомотно во своето тело (види Транзиција подолу). ИЗРАЗУВАЊЕ НА ПОЛОТ е изразување на машкоста или женственоста на човекот преку неговата физичка појава (вклучувајќи го и облекувањето, фризурата и користењето козметика), манирите, начинот на зборување и однесување. РОДОВ ИДЕНТИТЕТ e самостојното човековото внатрешно чувство во врска со тоа дали се чувстува како маж, жена или комбинација од двата рода. Родовиот идентитет на еден човек може, а и не мора да се совпаѓа со неговиот пол од раѓање. СПРОВЕДУВАЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА е организаија која им нуди различни интервенции на трансродните лица со примарно насочување на клиентите. Може да биде владина, невладина, базирана на заедница или организација водена од заедница и може да работи на државно, регионално и локално ниво. Понекогаш некоја невладина организација нуди услуги преку поединици на повеќе локации во склоп на една урбана средина, и во овој случај, секоја од овие поединици може да се смета како спроведувачка организација. ИНТЕРСЕКСУАЛНОСТ: една интерсексуална личност е личност која што е родена со сексуална анатомија, репродуктивни органи или хромозомска шема која што не одговара на типичната дефиниција за машки и женски пол, за разлика од трансродните лица, кои се родени со машки или женски типичен орган. 11